Добил корона два пати: Потешко ми е сега, едвај можам да дишам…Ми го фрлија тестот и ми рекоа да не правам друг – сега поминува низ агонија
Лекарите и натаму не знаат како реагира пациентот при реинфекција зошто нема доволно примери и докази. Постои можност Стјепо да бил и носител на вирусот сите 4 месеци.
Кога на лекарот во април му реков дека имам корона, тој тестот го фрли воѓубре и ми рече дека нема потреба да прави втор тест и дека не можам да добијам коронавирус двапати. Меѓутоа три дена подоцна завршив во болница, рече Стјепо Јелачевиќ, Хрват кој живее во Германија, а се заразил од ковид втор пат за неколку месеци.
Вториот пат вирусот го закачил на почетокот на август на одмор во Хрватска.
-Инаку јас сум срцев болен па во април веднаш ме тестираа. Тестот беше позитивен.
Тогаш немав изразени симптоми како сега. Бев во изолација 18 дена, a нa 10 мај добив, но без тестирање одобрение од лекар дека сум потполно здрав. Работев нормалнодо 6 јули по штодојдов во Хрватска на годишен одмор. Прво бев на Хвар а потоа отидов во Жупанија. На 10 август имав температура над 40 степени. Одлучивме да се вратиме за Германија зошто тогаш не мислев дека имам корона зошто зборуваа дека невозможно е двапати да се заразам, рече Стјепо кој едвај зема здив и додаде деканабрзо ќе дојде Итната помош по него.
– Иако лекарот мојот втор тест го фрли во ѓубре, во болница направија нов, но и на ковид-19 и на обичен грип. Ме оставија во болница, а бидејќи не можев нормално да дишам, сакаа да ме стават на респиратор, но на крајот не го направија тоа зошто ќе оставеше поголеми последици, рече Стјепо кој моментално се наоѓа на домашна нега.
– Се изолирав во една соба. Живеам со сопругата и две деца, кои се тестрираа ама на среќа сите се негативни. Имам големи главоболки и многу сум слаб, но сега нешто полесно дишам, но чувството е ужасно. Мускулите ме болат, немам сила за ништо. Во контакт сум со надлежниот Здравствен центар во Германија, кои секојдневно ме контактираат. По 18 дена од почетокот на болките и температурата се уште не чувствувам дека би можел да одам и да работам или нешто така. Утре повторно одам на тестирање па ќе видиме дали и натаму сум позитивен и кога научниците ќе знаат повеќе за мојот случај, раскажа Стјепо и истакнува дека во Хрватска никого не заразил.
Лекарите и натаму не знаат како реагира пациентот при реинфекција зошто нема доволно примери и докази. Постои можност Стјепо да бил и носител на вирусот сите 4 месеци. Реинфекцијата меѓутоа кај некои болни не значи повторна појава на болеста. Ако постои имунолошко паметење, тоа би требало да биде доволно за заштита од повторна зараза.
– Ако се утврди постоење на тие честички, тоа и натаму не значи дека инфекцијата е направена од САРС-КоВ-2 вирусот. Можно е да се работи само за молекули кои преживеале и кои се потполно нефункционални, истакнува професор д-р Драган Приморац.