Реклама
Вирално

Прв докажан случај на реинфекција со коронавирус: Маж повторно се разболел само четири месеци по оздравувањето

Реклама

Научниците од Хонгконг го потврдија првиот официјален случај на реинфекција со коронавирус. Станува збор за маж на 30 годишна возраст кој повтоно се заразил четири ипол месеци откако првпат бил позитивен на ковид-19.

Овие научници наведуваат дека секвенците од геномот покажуваат два вида вируси „јасно различни“ што го прави прв докажан случај на повторна инфекција на светот, пишува Би Би Си.

Маркетинг

Светската здравствена организација предупредува дека е важно да не се донесува предвремени заклучоци базирани на случај на само еден пациент.

Експертите наведуваат дека реинфекција може да биде ретка и не мора да значи дека нужно станува збор за сериозен случај.

Маркетинг

Инаку, во светот од коронавирус заболени се повеќе од 23 милиони луѓе. Оние инфицираните развиле имунитет кој им помага во борбата против враќањето на вирусот. Сепак не е утврдено колку е силен ваквиот вид на заштита, како и колку трае имунитетот.

Универзитетот Хонгконг наведе дека мажот поминал 14 дена во болница пред да се опорави од вирусот, иако немал симптоми, тестиран е повторно позитивен во текот на проверката на аеродром.

-Ова е многу редок случај на реиндекција и не би требало да влијае на глобалните потфати во развојот на вакцината. Се очекува дека вирусот ќе мутира со тек на време – рече Брендан Врен, професор по микробиологија од Лондонската школа за хигиена и трудова медицина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button