Реклама
Вирално

„Кога ја отворив кесата имаше што да видам“ – еве како инженерот Сенад пронајде бебе оставено покрај патот

Реклама

Шокантна глетка која никогаш нема да ја заборават ги дочека во саботата рано наутро двајца мажи кои тргнале на работа во Живиници, БиХ, село на околу 10 километри југозападно од Тузла. Уште поспани слушнале необичен звук покрај патот.

-Мојот колега Исмет кој патува со мене на работа прв забележа нешто чудно. Тој слушна нешто како плачење или цвилење. Мислевме дека некој оставил мачења или кученца. Кога пријдовме до платнената вреќа и ја отворивме, ни се отсекоа нозете! Внатре беше бебе – раскажува Сенад Хасановиќ, се уште видно потресен од настанот.
Вели дека новороденчето било облечено и замотано во ќебенце. Неутешно плачело, но и тивко зошто веќе како да немало и сила.

Маркетинг

Сенад кој е дипломиран инженер за безбедност и заштита при работа заедно со Исмет веднаш повикале полиција и брза помош, кои бебето го одвеле во болница.

Маркетинг

Од болницата потврдија дека се работи за машко новороденче старо еден ден, кое било и премрзнато и прегледнето. Само со чиста среќа е спасено на време, зошто тој ден подоцна во Живиници паѓал силен дожд.

-Бебето е спасено во последен момент. Сега е во стабилна состојба и сместена на клиниката во УКЦ Тузла, рече директорката на Центарот за социјали работи во Живиници, Азра Хоџиќ. Додаде дека им е најважно сега здравјето на детето.

Во понеделникот пронајдена е и несовесната мајка од страна на полицијата која е приведена и истрагата е во тек. Се работи за 33- годишна жена која живее во Живиници.

– Многу ми е драго што му го спасивме животот на недолжното бебе. Страшно е какви станаа луѓето… Кога дознав дека се е во ред со тоа дете, срцето ми е преполно. На малото момче му ја посакувам сета среќа и да ни биде силен, вели Сенад, трогнат од целата ситуација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button