CelebrityНовости

Тања Савиќ конечно ги виде синовите – својот сопруг го пријави за KИДНAПИPAAЊE, реши да се разведе и да стави крај на агонијата!

Advertisement

Со недели не можеше да ги види децата

Пејачката Тања Савиќ по неколку месеци молчење го пријави својот сопруг Душан Јованчевиќ за киднаa пирање на нејзините синови Максим и Ѓорѓи. Нејзиниот сопруг за тоа би можел да биде oсуден на парична, но и на повеќегодишна затвoорска казна, а сега исплови уште една шока нтна информација која досега не беше позната во јавноста.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/CDqtSsisM31/

 

„Имено, покрај тоа што Тања го пријави својот сопруг во полиција, бидејќи не може да се слушне со своите деца кои заминаа со него во Австралија, пејачката пријави и дека тој и земал пари“, како што пренесува „Блиц“.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BxAX9-QBd49/

 

Тања со денови е очајна заради целата ситуација, посебно што не може да поверува на што се е подготвен нејзиниот сопруг.

Душан, во април оваа година ги однесе нивните синови Максим и Ѓорѓе во Австралија и сега не сака да ги врати.

Тања најави и дека планира да побара развод од него:

„Морам да се борам за своите деца. На мене ми беше добро со него, немаше да се вратам дома. Му давав шанси, но повеќе не можам. Тој ги одведе децата без мое знаење. Беа кај мене за викенд, па му ги предадов на Душан, кој ми кажа дека ќе ги врати за Велигден. Јас фарбав јајца, се подготвив и му се јавив во средата, а тој тогаш беше недостапен.“

„Два дена се обидував да го добијам, Тогаш го пријавив во полиција“, изјави Савиќ порано.

Таа во една емисија изјави и дека конечно успеала да се слушне со своите синови.

„Срцето ми е на место бидејќи денес се слушнав со нив, гледам дека тие кријат, не смеат ни да се насмеат. Бидејќи кој знае што таткото им зборува за мене. Не смеам многу да зборувам, судската постапка е покрената. Јас носев пари дома, живеевме под кирија, плаќавме стан бидејќи не сакаше ништо да се купи во Србија.

Кон децата е феноменален, но посесивен, не сака јас да посветам внимание кој своите деца. Никогаш ништо грдо не сум кажала, 11 години сум во брак со него, чекав до крајни граници… Сакам прво нашите власти да средат, сакам што поскоро да ги видам децата. Мене ме прашуваат како 11 години сум го трпела тоа, а јас само сакам добро. Голем грев е кога некого сакаш, му го даваш срцето и тој ти го направи тоа. Бидете паметни жени, не се откажувајте“, изјави Савиќ во емисијата, а пренесе порталот „Информер“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button