ТЕШКО НЕА: Голгота допрва следи, адвокатот ја открива драмата со која е соочена Тања Савиќ за да ги врати одведените синови
Сопругот на пејачката Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ во април годинав ги одведе нивните синови Максим и Ѓорѓе во Австралија, наводно без одобрување на Тања. Децата, според зборовите на пејачката до пред недела дена биле во контакт со мајката, а сега Јованчевиќ на сопругата и тоа и го забранил.
Според претходните сознанија од полицијата, Тања сопруг го пријавила кога дознала дека ги однел децата, што подоцна и потврди.
Сепак, засега се уште не е јасно под кои околности Јованчевиќ ги изнел децата од земјата, со оглед на тоа што таа раскажа дека за одведувањето на децата не му дал никакво одобрување, а Јованчевиќ од друга страна тврди дека сето тоа го направил во договор со неа.
https://www.instagram.com/p/CDR0_lbMHdw/
„На Велики петок мојот сопруг отиде во Австралија со децата. Јас во четвртокот фарбав јајца за да им ги однесам во петок. Кога ја отворив вратата од станот, тој беше празен, без детски работи, без куфери, децата не беа тука. Јас два дена не знаев каде ми се децата, Душан го имаше исклучено мобилниот телефон, беше недостапен“, рече Тања во една емисија.
https://www.instagram.com/p/CBtnhIasX-g/
Тања пред неколку дена соопшти дека минува низ вистинска драма, зошто нема можност да се слушне со децата, а потоа одлучи се да изнесе во јавност и да најде начин да ги врати синовите. Овој случај е деликатен, и борбата за старателство над синовите ќе биде многу тешка, вели адвокатот.
https://www.instagram.com/p/CBnrHtZMRLC/
Според белградскиот адвокат А.И. има неколку аспекти од правната борба на Тања Савиќ за враќање на децата, која таа тврди дека сопругот ги одвел во Австралија без нејзино знаење и согласност:
https://www.instagram.com/p/CBVpmDGs4CJ/
– За да може малолетни лица, во овој случај деца, да поминат било која граница надвор од рамките на Србија, неопходно е да постои пишана и заверена согласност на двајцата родители. Доколку Тања ја потпишала таа согласност, јас навистина не гледам никаков проблем и тогаш таа нема право сопругот да го гони правно. Доколку се работи за фалсификат, противправен документ кој не е заверен кај нотар со потпис и печат, тогаш се работи за кривично дело. Треба да се провери пред се согласноста, зошто на неа треба да го пишува и датумот до кога децата може да престојуваат надвор од границите на нашата држава со едниот родител, а со согласност на другиот. За жал, зборувам од пракса, многу родители не го пишуваат токму тој датум па после можат да се изродат бројни проблеми, како во овој случај. Самата согласност од моментот на потписот важи година дена, а доколку Тања се сложила со истата, нема право на кривично гонење, додека од страна на сопругот тој има право да ги задржи децата во траење од една година, додека не истече согласност. Сега ќе ви кажам нешто не како правник, туку како граѓанин на Србија, жалосно е низ што поминува Тања Савиќ, приватно сакам да ја слушам, а судејќи по се црно ѝ се пишува, голготата во нејзиниот случај допрва следува, вели адвокатот од Белград.
https://www.instagram.com/p/CBysrfEMWy3/