Реклама
Вирално

Еве кога почнува третиот бран од коронавирусот: Овој професор го изнесе и точниот датум

Реклама

Иако ќе биде поблаг од вториот бран, очекувано е дека до средината на декември во Србија ќе имаме уште 15.000 новозаразени, вели професорт д-р Петар Кочовиќ, редовен професор на Универзитетот „Унион – Никола Тесла“.

Лична одговорноста

Маркетинг

Професорот Кочовиќ заедно со својот тим направи своевиден модел за следење на пандемијата на коронавирусот не само во Србија туку и во целиот свет.

Имено, тој со своите соработници направи програми кои на дневно ниви собираат податоци за бројот на лицата кои се заразени, починати и оздравени, применувајќи ги методите на машинското учење и предиктивна аналитика, во чиј состав е и Гаусовата крива, и прават прогнози за натамошното ширење на заразата.

Маркетинг

„Во Србија, според овој модел, вториот бран завршува околу 11. септември. Веќе сега е видливо дека во наредните денови бројот на новозаразени константно ќе паѓа и очекуваме дека околу 11 септември ќе биде околу 20. Меѓутоа, од тој датум се очекува бројот на заразени повторно да оди нагоре“, заклучува Кочовиќ.

Тој додава дека бројот на заразени на дневно ниво во периодот од 30 август до 2. октомври ќе биде помал, секако под 50, но дека веќе меѓу 10. и 16. октомври ќе има околу 250 заразени дневно.

„Меѓутоа, третиот бран би требало да биде помалку силен од вториот, во кој, според новиот модел, до крајот ќе имаме речиси околу 20.000 заразени, односно околу 70 отсто повеќе заболени и загубени животи отколку во првиот бран кој заврши на 26 мај. Во вториот бан имавме околу 400 заразени дневно во неколку наврати, а очекувам во третиот бран, во најголемиот пик, да има помалку“.

Непредвидливо

Од друга страна, епидемиолот Д-р Радмило Петровиќ вели дека биологијата не е математика, и дека „во епидемиологијата два и два некогаш може да биде три, а некогаш 5“.
„Оваа епидемија не се однесува во склад со досегашните сознанија и многу тешко е да се каже како ситуацијата ќе се развива. Коронавирусот е непредивидлив во своето однесувае. Кога ќе заврши вториот бран и кога ќе почне третиот тешко е да се каже. Се плашам, дека штом бидат неповолни временските прилики и луѓето заборават на заштитните мерки, може да дојде до зголемување на бројот на заразени“, вели тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button