Реклама
Вирално

Решение за НАЈЧЕСТИОТ ПРОБЛЕМ кој се појавува поради носењето на заштитни маски

Реклама

За да се спречи ширењето на коронавирусот, носењето заштитини маски е задолжително и во затворени простори и на отворено, ако не е можно да се држи дистанца.

Тоа значи дека многумина, во зависност од условите, мора да носат маска и по неколку часа дневно, но не е баш лесно, посебно ако е топло надвор.

Маркетинг

Како и да е, поради носењето маски при високи температури може да се појават и проблеми на кожата, како акни на лицето или иритација.

„Кај сите типови на кожа може да се јави иритација од носење на заштитна маска, посебно ако се носи подолг период во текот на денот“, вели дерматологот Денди Енгелман.

Маркетинг

„Кај некои се јавува иритација од триење или притисок на материјалот врз кожата, а на други им се појавуваат акни.

„Маската ја задржува влагата, потта, маснотиите и валканиците и ги држи во близина на кожата. Како резултат на тоа се појавуваат акни, мозолчиња, воспаление на фоликулите на влакната, иритации, испукани капилари, контактен дерматитис и розацеа, вели пластичниот хирургд-р Џејкоб Штејгер.

За да ги избегнете овие проблеми, кои се влошени со високите летни температури, може да го направите следното:

„Најважно е прво кожата да ја одржувате чиста за да спречите појава на акни“, вели Енгелман.

Затоа, тој советува пред да ставите маска на лицето, да ја исчистите кожата со нежен тоник за чистење. Советува да го избегнувањето носењето шминка која ќе се „зафати“ на маската и ќе ви ги затне порите.

Д-р Леј – Ен Мекигли советува да нанесувате и крема за лице која содржи антивоспалителни состојки како ниацинамид. Станува збор за витамин Б кој го подобрува производството на протеин кој ја задржува водата во кожата, практично хидрирајќи ја.

Исто така, ќе го спречи претераното производство на масло во кожата.
„За да ги треирате акните и мозолчињата предизвикани од носењето маски, користите тоници за чистење кои содржат салицилна киселина или бензоил пероксид“, препорачува д-р Микигли.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button