Нова исповед на Тања Савиќ откако сопругот и ги однесе децата во Австралија: „Отидов во полиција, тој ми се инаети, нешто му го испило мозокот
Пејачката Тања Савиќ поминува низ драма која трае веќе со месеци, бидејќи нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги одведе нивните синови Максим и Ѓорѓе во Австралија и таа не може да ги види.
Тања до сега не сакаше многу да зборува за тоа, но сега призна дека Душан децата ги одвел на 17 април оваа година, на Велики петок, како и што беше објавено во медиумите.
– Јас не сум државјанин на Австралија. Имам виза за престој, можат да влезам и излезам кога сака, малку тешко му падна тоа што четири месеци сум без децата. На Великите петок мојот маж отиде со децата во Австралија. Ја во четвртокот фарбав јајца за да им ги однесам во петок. Кога ја отворив вратата од станот, тој беше празен, без детски работи, без куфери, децата не беа тука. Јас два дена не знаев каде ми се децата, Душан го исклучил мобилниот и беше недостапен. После тоа ми се јавија новинарите, јас не знаев што што се случува со нив, каде ми се децата, каде ми е мажот… Прво ми се јави некој женски глас, новинарката беше во прашање, и првата реченица ѝ беше? „Добар ден, се јавувам од црна хроника“. Може да замислите како се чувствував, ми го нема мажот, ги нема децата два дена, а овие се јавуваат од црна хроника, вели Тања за емисиајта „Ексклузивно“.
– Новинарите ми се јавуваа зошто отидов да го пријавам исчезнувањето, не знаев каде ми се децата, а тој не се јавуваше два дена, Моето срце е храбро, тоа е срце на мајка, сите знаат жени знаат како е да бидеш без деца толку долго. Верувам во Бога и во онаа реченица дека доброто со добро се враќа. Ја зборувам само вистината, не сакам никого да осудувам. Ги гледам децата само преку Вибер, додаде пејачката.
Тања наведува дека не и е јасно поради што сопругот се свртел против неа.
– Тој се инаети со мене, но се инаети со мајката на неговите деца. Нешто му го испило мозокот, што јас не знам што е. Јас сум јака и храбра жена, а тоа што нема да ме убие ќе ме зајакне, тоа сум го рекла 100 пати, рече таа во споменатата емисија.
Инаку, Тања со години со семејството живееше во Австралија, а како и што самата неодамна изјави, нејзиниот маж не се сложувал со нејзината желба повеќе време да поминува во Србија, за да се посвети на својата кариера.