Реклама
Вирално

И асимптоматските случаи имаат сериозни промени на белите дробовите: Кинеските научници открија и други загрижувачки компликации

Реклама

Во овој период сѐ почесто се зборува дека помладите лице почесто заболуваат, но меѓу нив има поголем број асимптоматски случаи. Тоа се лица кои се заразени, инфицирани од вирусот, но не покажуваат никакви, па дури и најблаги симптоми.

Ги нарекуваат уште и „тивки преносители“, зошто несвесни дека го носат вирусот во себе, се однесуваат „нормално“, се движат меѓу другите луѓе и шират зараза. Тие се клучен фактор во ширењето на пандемијата.

Маркетинг

До пред некое време се сметаше дека кај овие лица, бидејќи немаат никакви симптоми, болеста не може да се развие, но науката сега ги демантира тие теории.

Според новообјавеното истражување, асимптоматските случаи се соочуваат со скриени опасности по здравјето, склучувајќи ги овие два.

Маркетинг

Значително оштететување на белите дробови

Една нова студија следела група од 37 асимптоматски пациенти во Кина. Иако учесниците не покажувале надворешни знаци на зараза со вирусот, со употреба на компјутерска томографија истражувачите ги испитувале промените кои се случуваат внатре во нивните тела.

Откритијата биле шокантни! Дури 57 проценти од асимптоматските пациенти имале „прошарани сенки“ и „стаклеста структура“, две состојби кои покажуваат на воспаление или оштетени бели дробови, а кои исто така се вообичаени во тешките случаи на ковид-19.

Кинеските истражувачи теоретизираат дека овие промени во белите дробови може да бидат привремени и дека исчезнуваат откако вирусот ќе тргне по својот тек.

Калифорниската студија повика да се прават натамошни следења за да се разберат долготрајните ефекти врз респираторното здравје и здравјето на белите дробови.

Вистина е дека во овој момент науката не нуди прецизни одговори, пишува д-р Сарика Арора, за Воменс Хелт Нетворк.

Она што сите овие наоди го потврдуваат е дека заболувањето од ковид-19 сериозно влијае врз здравјето, без оглед на тежината на симптомите или непостоењето на истите.

Асимптоматските случаи подолго го шират вирусот

Процесто наречен „ширење на вирусот“ се појавува кога вирусот се размножува внатре во телото, а потоа се пушта во околината, се издишува во аеросолите и капки при дишење, кашлање, кивање, па дури и пеење.

Кај инфицираните, тоа колку вируси некој ќе „испушти“, а колку ќе биде заразен за другите, варира. Некои докази упатуваат на тоа дека коронавирусот е најзаразен неколку дена пред појавата на симптоми, кога неговата концентрација е најголема.

Кинеските истражувачи го испитувале ширењето на вирусот во својата група асимптоматски пациенти и откриле дека тоа во просек трае 19 дена – што е пет дена подолго од контролната група на оние со симптоми. Опсегот на ширење на вирусот за асимптоматската група бил од 6 до 45 дена, што е исклучително широк опсег.

Виролозите сметаат дека меѓу 40-45 отсто луѓе кои имаат ковид-19 всушност се без симптоми. Кога ќе се земат во предвид доказите дека нивниот „прозорец за ширење на вирусот“ е толку широк, што барањето контакти и тестирањето поради пронаоѓање на позитивните асимптоматски случаи го прави уште поважно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button