Швеѓаните менуваат стратегија во борбата со короната: Еве зошто ја викаат „Направи сам“
Шведската здравствена организација соопшти денеска дека ги менува насоките за следење на контактите на заразените од ковид-19 така што пронаоѓањето во најголема мерка го вршат самите заразени лица.
Новите упатства произлегуваат од стратегијата која ја усвоија повеќе земји во кои се следат контактите и ги известуваат луѓето кои биле во близок контакт со носител на болеста, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на агенцијата рече дека многу подобро е одредени поединци сами да ги контактираат луѓето кои можеби се заразиле, отколку официјалните единици за следење кои моментално ја имаат оваа одговорност.
Постоечкиот систем добро функционирал кога бројот на инфекции бил помал, но станал помалку ефикасен кога бројот расте, вели портпаролот.
За разлика од повеќе системи за следење, шведскиот систем не е анонимен, зошто од поединците се очекува дека вестите за својата инфекција да им ја пренесат на сите со кои биле во близок контакт.
Се уште не е јасно како тоа ќе функционира во пракса или дали властите ќе го проверуваат овој “направи сам“ аранжман, наведува Ројтерс.
Се очекува здравствена агенција во наредните денови да издаде нови насоки.
Иако бројот на инфекции во Шведска се намали последните недели, вкупно заразени од почетокот на пандемијата се 78.048 луѓе, што е бројка која значително ги надминува нејзините нордиски соседи.