Реклама
Вирално

Луѓе, ова нѐ чека на зима: Докторите се крајно загрижени, од нивното предупредување се леди крвта

Реклама

Освен влијанието врз пренесувањето на вирусот, топлото време може да влијае и на способноста на луѓето да се борат против вирусот и така да го спречат развојот на тешка форма на болеста.

Смртноста од ковид-19 значително се намали со доаѓањето на топлите денови, покажува студијата спроведена во осум европски и 15 кинески болници, кои обединија 51 научник од 8 земји, меѓу кои беа и хрватскиот микробиолог професор Гордан Лауц и професорот Драган Приморац.

Маркетинг

Големата студија која го покажува сезонскиот учинок на САРС-КоВ-2 вклучува 6.914 пациенти хоспитализирани поради ковид-19 и 37.187 лица кои самостојно ги пријавувале симптомите на ковид-19 во Велика Британија.

Маркетинг

„Следен е индивидуалниот тек на болеста на 6.914 хоспитализирани пациенти. Во сите болници е забележано дека сmртноста значително се намалила. За тоа постојат повеќе можни објаснувања, но истражувањето упатува дека најверојатно тоа е поради промената на температурите, т.е. доаѓањето на пролетта, вели Лауц и нагласува дека вирусот не се сменил, туку станува збор за неговиот учинок кој е последица на условите во кои вирусот делува врз човекот.

Тој објаснува дека молекуларните механизми кои се подлога за респираторни вируси со сезонска природа вклучуваат два клучни елементи: гликани и влажност на воздухот.

„Проблем во сезоната на греење е што релативната влажност на воздухот во загреаните простори е релативно ниска, што ја деактивира нашата мукозна бариера и им овозможува на вирусите полесно да се шират. Во мукусот кој се лачи од нашата слузница, се наоѓа посебни гликопротеини муцини, чија главна задача е да ги ловат вирусите и бактериите кои потоа со мукоцилијарен транспорт се изнесуваат од дишниот систем.Тоа е првата барера против патогенот, но таа за жал не функционира ако ја дехидрираме со сув воздух. Се чини дека со престанувањето на греењето се намали тежината на симптомот во цела Европа, но тоа за жал значи дека вирусот всушност не се променил и дека од почетокот на грејната сезона, може повторно да имаме повеќе потешки облици на болеста“, опишува д-р Лауц.

Важност на условите во кои се наоѓа вирусот

Имено, во сезоната на греење без дополнително навлажнување на воздухот, во загреани простории каде рeлативната влажност на возудот може да виде под 20 %, што пак ја суши нашата мукозна бариера и оневозможува делотворно остстранвување на вирусот, ќе предизика прогресирање на болеста. Како што наведе на својата Фејсбук страница, во поголемиот дел од светот моментално има помалку тешки случаи, само што уште не е јасно дали е тоа последица на сезоналноста или намалениот број на инфекции поради социјалното дистанцирање. Повеќето други коронавирус покажуваат силна сезонаска природа, но за САРС-КоВ-2 постојат милиони потврдени случаи на зараза и во тропските делови од светот, што докажува дека вирусот исто кака може да битно да се пренесе и во топли и во влажни услови.

Меѓутоа, освен влијанието на пренесувањето на вирусот, топлото време може да влијае и на способноста луѓето да се борат против вирусот и така да спречи развој на тешка форма на болеста.

Во ова истражување се отиде откако по доаѓањето на пролетта е забележан силен статистички важен пад на сmртноста во сите болници во Европа, а исто така се намали и тежината на болеста. Истиот образец се покажа и со анализата на поединечни податоци за симптомите кај 37.187 лица кои пријавувале симптоми преку апликацијата Ковид Симптом Стади Еп во Велика Британија.

Што носи враќањeто на зимата?

Откако потврдивме дека смалувањето на тежината на сmртноста на ковид-19 не предизвика промени во возрасната структура на пациентите, се насочивме кон промената на температурите и потврдивме дека почетокот на пролетта е најверојатното објаснување за забележаните промени. Зголемувањето на просечната температура во текот на хоспитализацијата за еден Целзиусов степен ја намали сmртноста за околу 15%, што би можело да го објасни значителениот дел на намалена смртност од ковид-19 која моментално ја гледаме во поголем дел од светот.
Иако тоа во овој момент е добра вест, за жал значи дека со враќањето на зимата би можел повторнo да настапи потежок „зимски“ ковид-19, а се чини дека токму тоа го гледаме на јужната хемисфера каде сега почнува зимата и гледаме дека има се повеќе потешко болни“, наведува професор Лауц.

Теоријата за греени простории и дехидратација на слузокожата и потребата на влажнење на воздухот во загреани затворени простории, во какви главно престојуваме во текот на студеното време, овој ценет микробиолот го изнесуваше и во претходните месеци, во текот на локдаунот, како корисен начин за борба против ковид-19.

Тогаш наведе некои едноставни примери за навлажнување на воздухот во домот, како мокри пешкири на радијатор, ѓезвиња за вода или обично лонче со вода кое го оставаме да испари и така да ја зголеми влажноста на воздухот.

Оваа студија на голем примерок тоа и го потврдува. На забелешката дека во Србија има многу повеќе починати од ковид-19, професорот Лауц вели: Мислам дека тие имаат многу повеќе заразени отколку што мислат и дека поради тоа имаат и толку починати. Сезоналнoста ја смалува сmртноста за пет до најмногу 10 пати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button