Реклама
Вирално

Експертите предупредуваат дека новиот коронавирус што се шири на БАЛКАНОТ е далеку поопасен од оној во Италија?

Реклама

Италијанците го тестираа коронавирусот што во моментов се шири кај нашиот сосед Србија и забележаа нешто што ги загрижи сите

„Забележавме дека вирусното оптоварување е исклучително силно“ велат експертите од оваа земја.

Маркетинг

Претседателот на Венето, Лука Заја, за италијанските медиуми изјави дека српскиот сој на вирусот е поагресивен од оној што досега е познат во Италија. Лука Заја изјави дека успеале да го изолираат вирусот од пациенти кои во нивната земја пристигнале од Србија.

„Направивме четири тестови, забележавме дека вирусното оптоварување е исклучително силно, вирусите се идентични еден на друг, но тие припаѓаат на еден потполно поинаков кластер од оној што досега беше изолиран во Венето и во Италија. До денес не е можно да се поврзат специфични мутации со различна патогеност на вирусот, затоа што претходните истражувања не покажаа дека постојат клинички форми поврзани со мутација на вирусот “, изјави Заја на прес-конференцијата пред новинарите.

Маркетинг

Претседателот на Венето нареди да се тестираат странците во овој регион, дека не станува збор за гетоизација, туку за грижа за здравјето на сите граѓани.

Имено, во Венето се отворија нови жаришта, токму на оние места каде е најголемата концентрација на луѓе од странство.

„Ситуацијата во овој регион е во секој случај стабилна, под контрола, но навистина сме загрижени за овие видови вируси кои доаѓаат од странство, па затоа ја зајакнавме контролата“, рече Заја.

Тој изјави дека станува збор за граѓани кои доаѓаат од Бенин, Србија, Молдавија, Конго и Македонија.

„Потребно е Светската здравствена организација да ги идентификува земјите кои имаат проблеми, што е нешто што го повторувам долго време. Загрижувачки е и тоа што пациентите стануваат се помлади, имаме случај на една 23-годишна мајка од Камерун со шестгодишно дете и двајца близнаци од четири, сите позитивни за вирусот “, рече Заја.

Во моментот, има двајца пациенти позитивни на вирусот во болниците во Венето, што е вкупно 144 пациенти, а девет од нив се наоѓаат во одделението на интензивна нега, од кои само тројца се позитивни за вирусот.

Во болницата досега нема трагични случаи.

Што се случува во Македонија?

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, при вчерашната посета на Здравствениот дом во Свети Николе на новинарско прашање истакна дека на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести се анализираа податоците од претходните две недели.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

-Трендовите се се’ уште во насока на тоа да е приближно ист бројот од вкупно дијагностицирани од вкупниот број на тестови направени, ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетите во болниците добро се менаџираат и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети. Во ГОБ „8ми Септември” повеќе денови по ред има под 100 пациенти кои се третираат. 80 се позитивни, за другите се чека резултати да стигнат во овие денови. Исто така, слободни кревети има и Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите и клинички болници ширум државата. Не очекуваме некакво изнанадување во смисла на поголем наплив на пациенти кои што би биле за прием во болница. Продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање согласно индикацијата, интензивно пратење на контактите и ставање во изолација”, рече министерот Филипче.

Во однос на вчерашното гласање на заразените од ковид-19 и оние кои се во изолација, на новинарско прашање за тоа како се снаоѓаат здравствените работници, министерот Филипче изјави дека утрово разговарал со претставници на Државната изборна комисија, кои укажале дека засега нема никакви проблеми. „Формирани се лекарските комисии. Добро се снабдени со опрема и тие во домовите кај лицата кои се на домашно лекување и тие што имаат решение за изолација. Веќе се спроведува процесот на гласање. Досега немаме информација за било каков проблем“- потенцираше министерот Филипче.

Инаку, на вчерашната владина седница беа усвоени и протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести во врска со работата на базените и на плажите во пандемија на КОВИД-19, а беше променет и протоколот за работа на угостителските објекти, соопшти Владата.

Според усвоените измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

Протоколот за работа на плажите предвидува задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите.

Предвидено и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 метри квадратни нето површина.

На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Се забрануваат групните спортови, како одбојка на плажа, и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките.

На плажите не се препорачува користење на гардероби на плажа

Усвоен е и протокол за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19. Покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, определува како задолжително пред билетарите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 – 2 метри.

Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри или заштитна бариера. Се препорачува да се практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.

Се ограничува бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 метри квадратни нето површина (вклучително и површината на базенот) или еден пливач на 7 метри квадратни во базенот, и задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките.

Туристи се разладуваат во кафулињата покрај Дрим

За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.

На базените не се препорачува користење на угостителски услуги, а за оние во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button