Од 28 јуни Марс ќе се најде во знакот на Овенот, а еве како оваа промена ќе влијае на хороскопските знаци.
Овен
Подгответе се за акција и забрзување. Ќе ви се јави желба за конкретни дела кои може д ви донесат конкретни промени на полето на кариерата и успехот.
Бик
Може да се случи да имате несоница, премногу да се грижите и да правите планови во тајност. Каква грижа и да ве мачи, мора да ја насочите енергијата низ некоја физичка активност.
Близнаци
Се’ се забрзува преку ноќ… Повици за кратки патување, комуницирање со многу луѓе истовремено, но со некои можете да дојдете до кавга. Пријателите ќе ви наоѓаат замерки.
Рак
Спремни сте да се борите за она што го сакате, посебно на полето на кариерата. Имате позитивен став и не се откажувате. Не противречете им на оние кои имаат поголем авторитет.
Лав
Започнетенешто ново. Направете планови и тргнете во акција. марс во Овен ви нуди шанса да ја победите мрзливоста.
Девица
Либидото ќе ви биде на високо ниво. Подготвени ќе бидете за авантури, но и за интимни моменти. Не позајмувајте пари од другите.
Вага
Се забрзува ситуацијата на полето на емоциите и врските, па ако тукушто влеговте во некој однос, очекувајте брзо развивање на ситуацијата. Ќе бидете малку напнати, особено кога се во прашање симпатиите.
Скорпија
Доколку постои некоја листа на обврски која мора да ја исполните, сега е вистинско време за тоа. Внимавајте и на здравјето, зашто можете да го нарушите со напорна работа.
Стрелец
Активно ќе ви биде полето на забавата и врските. Во некои домени ќе бидете покреативни, а некои работи може да ви влијаат и на љубовната врска.
Јарец
Можни се недоразбирања во семејството и домот. Некој од родителите ви наоѓа премногу замерки и затоа сака да го промените своето однесување.
Водолија
Во наредниот период размислете пред да прозборите. Можете да реагирате импулсивно и ирационално, затоа што ќе бидете испровоцирани од некои ситници. Нервната напнатост ќе ви биде присутна.
Риби
Ќе ви порасне самодовербата и ќе имате повеќе доверба во своите способности. Фокусирани ќе сте на пари и решавање некои финансиски проблеми.