Реклама
Наши ѕвезди

Младиот фолкер од Кичево заразен од корона: Не е грев да се добие ковид-19, грев е да се прикрие и така да се заразат најблиските и роднините!

Реклама

Младиот фолк пејач Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на Ковид-19 и информацијата самиот ја сподели на Фејсбук, постапувајќи правилно и доблесно за да не ги доведе во опасност неговите блиски. За среќа, пејачот потврди дека нема симтоми на болеста, но останува во самоизолација како што е редот.

-Не е грев да се добие Ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова – објави музичарот, кој моментално се наоѓа во изолација.

Маркетинг

Некои медиуми веста дека Силјаноски е позитивен на коронавирус ја прифатија сензационалистички објавувајќи дека колегите се испаничиле кога ја дознале веста што очигледно го револтираше пејачот па објави уште еден статус на Фејсбук.

Според некои медиуми Спасен се сретнал со здравствен работник, лице за кое подоцна се испоставило дека е позитивно на вирусот, но тоа се случило по средбата со колегите од естрадата.

Маркетинг

Откако објави дека е позитивен на ковид-19, Спасен доби поддршка од колегите за побрзо оздравување и враќање на музичката сцена кога ќе има услови за тоа.

Согласно мерките и препораките на владата сите музички и културни настани се забранети поради епидемијата од коронавирус, бројките на новозаразените во последните три недели во државата воопшто не се оптимистички и не укажуваат на тоа дека наскоро ќе се разлабават и тие мерки.

Поради тешката ситуација естрадата доби парична помош од државата во овој период.

Владата донесе уредба за финансиска поддршка на македонските естрадни уметници за време на вонредна состојба предизвикана од коронавирусот, за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето-износ од 14.500 денари.
За исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници.

Во тек е и онлајн акција на групата „Музика сега“, со која се повикуваат сите активни музичари, автори, исполнители од земјава да се потпишат на петицијата за итно враќање на музичките настани кај нас. Таа ќе биде доставена заедно со писмото на предлози до сите релевантни фактори во државата (Влада, Министерство за култура, Министерство за економија/финансии, амбасади…). Целта е да заживее музичката сцена, која почна да се буди и во нашето опкружување.

Инаку, Силјаноски помина извесен период и во државен карантин пред околу три месеци, кога се врати од турнеја низ Австралија.

 

Спасен Силјаноски е познат по изведбата на традиционални македонски народни како и патриотски песни.

Денеска тој на Фејсбук профилот за добро расположение на своите фанови  кои му посакаа добро здравје, сподели овој свој музички хит:

https://www.youtube.com/watch?v=OleYHbmwzFY&fbclid=IwAR2FrzIinU7-s3IW9DqWT7-LO9_LB9HR9TrQuk-BpjW-AV9SnDgClHahy7I&app=desktop

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button