Реклама
Наши ѕвезди

Љубовната приказна меѓу Лазар Ристовски и Даница трае 40 години: Актерката го открива рецептот за среќен брак, еве ги нејзините совети

Реклама

Лазар и Даница Ристовски годинава ќе прослават 40 години брак во кој имаат двајца синови Петар и Јован. Љубовната приказна на прославените актери е посебна и Даница не крие дека и натаму чувствува страст кон Лазар како кога го сретнала на Факултетот за драмски уметности на првата година од студиите и се вљубила во неговиот шарм и убавина.

Се смееја на таа констатција, но истакнува дека ниту еден брак не е ист.

Маркетинг

„Не постои универзален рецепт за зачувување на бракот зошто во прашање се различни карактери. Битни се почитување и љубов“, истакнува Даница Ристовски.

Даница во едно интервју објасни и дека дамата никогаш не смее да го изгуби достоинството, но дека мора да биде мудра за да препознае кога тишината ѝ носи корист.

Маркетинг

„Ако е во прашање мудрост, жената понекогаш треба да замолчи, но не затоа пто мора. Мислам во позитивна смисла, не само во негативна. Некогаш треба и да премолчи за да се роди нешто подобро“, вели Даница.

Интересно е што Даница и Лазар на почетокот на бракот се договориле дека тој смее да игра љубовни сцени, а таа не смее.

Даница е првенец на Белградскиот драмски театар, но остварила и значајни улоги во филмовите, а некои и покрај сопругот Лазар Ристовски. Тој најави повлекување после филмот и ТВ серијата „Крал Петар Први“ чиј продуцент беше.

Одлуката на сопругот да се пензионира од актерството Даница не сака да ја коментира, но истакнува дека нејзе слична идеја не ѝ паѓа на памет.

„Ќе играм додека сум жива, односно додека бидам паметна и способна. Не смеам да кажам дека тоа ќе биде додека ме служи разумот зошто во тој случај разумот оди прв, а ние уметниците не сме токму при здрав разум зошто не би се согласувале на сите ситуации и толку гинеле за работата. Ние актерите ја работиме својата работа со многу страст и им се предаваме на нови предизвици. Јас сè  уште се чувствувам солидно и добро, така што одиме понатаму“, вели актерката.

Бидејќи семејството Ристовски живее во Земун во вила со базен, а поседуваат и слична недвижност во заливот Бока Которска, на актерите им е загарантирано разладување во базата за убав одмор. Даница вели дека многу не планира однапред, како и дека се договара со сопругот, синовите и снаите за сè  и сешто.

„Идејата ми е да се одморам, а зависи од инспирацијата и расположението на кој начин ќе го користам слободното време. Секако дека ќе одиме на море, зошто го обожавам. Во договор со семејството го планирам летувањето во кое сите ќе уживаме и едни на други ќе си прижиме радост пред сè “, рече актерката.

Инаку, првенката на Белградскиот драмски театар жали што годинава поради епидемијата од коронавирус запре театарската сезона. Со задоволство се присетува на претставата „Кога цветаа тиквите“ која ја одигра минатата сезона во чест на починатиот актерски великан Миша Јанкетиќ.

„Паметан како Миша играјќи ја оваа претстава беше многу посветен и одличен како актер, секогаш присутен, внесен во улогата. Последната сцена во претставата за мене е посегна, паѓа снег, а тој вели: „Во право си мамо, јас сум крив, јас сум за се крив“. Секогаш ми била тажна, животна и тешка, раскажува Даница Максимовиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button