Игор Џамбазов го пронајде еликсирот на младоста во ова лудо време на коронавирусот – се вика љубов и изгледа вака! (фото)
Не престануваат да ги изненадуваат своите пријатели и фанови
Игор Џамбазов и неговата избраничка Илина Арсова во моментот важат за еден од најпопуларните парови на социјалните мрежи во Македонија.
Тие ги освоија симпатиите на целата јавност со своите прекрасни фотографии, а многумина се среќни што најомилениот актер, шоумен, музичар, писател и уште што ли не, конечно е среќно заљубен.
Во медиумите се шушка дека тие двајца љубовта ја започнале за време на карантинските денови, кога ситуацијата заради епидемијата со опакиот вирус корона ги затекна лоцирани покрај убавото Дојранско Езеро.
И од тога тие се неразделни, што можеме да го видиме и од нивните заеднички фотографии на Инстаграм.
Илина е позната планинарка, вљубеничка во височините, а Игор е пресреќен во нејзино присуство.
„На неа мислам и кога мислам дена ништо не мислам“, напиша во една пригода актерот“, а потоа додаде:
„Таа сака природа, а јас мразам ОПШТЕТВО!“
Многумина им посакуваат свадбени ѕвона и да останат такви какви што се’, убави, среќни и полни со младешки елан уште многу-многу долго време.