Таа беше женски Аца Лукас и најубава српска пејачка: Влезе во секта и сега се вика Маха Матра
Во деведесетите години во Србија владееше турбо фолкот, а на таа сцена се појави и брзо ја освои убавата пејачка Марина Живковиќ. Во 1995 година таа го отпеа дуетот со Венеса Шошкиќ „Плави хаос“ и се проби на естрадата.
Нејзината популарност вртоглаво растеше.
Беше толку популарна што ја нарекуваа „женски Аца Лукас“. Се пееше по кафеаните, клубовите и сплавовите во Белград. Ги испеа хитовите: „Не иди од мене“, „Лавица“, “Реци, реци да“, „Мало по мало“ ( подоцна и Весна Змијанац ја отпеа), „Хоќу с тобом синове“.
Таа како да не се снајде на естрадата во наредниот век. После 2000. година таа сними уште неколку песни, а последна и беше „Завет љубави“ во 2006 за „Гранд Фестивал“.
Марина потоа ја напушти музичката кариера, ја смени православната вера и се приклучи на сектата Харе Кришна. И стана бел врач, заврши курс за исцелител.
Во една прилика рече дека таа нема никава агенција, и дека им помага само на најблиските и дека таа е „само спроводник на нешто што е над нас“.
А името кое го доби во склад со новата вера е Маха Матра (Голема Мантра).
Сега Марина е целосно посветена на верата, молитвите и духовниот живот
-Во моментот на најголема популарност застанав и сфатив дека имам пари, но се немам себеси, изјави Живковиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=MMeIgH5nvsY&feature=emb_title