Жената Стрелец е најсреќната личност во Зодијакот. Таа секогаш е во движење, желна е за авантура и сака постојано да патува.
Жената Стрелец не поднесува мрзливи партнери, па затоа, веднаш штом ќе сфати дека сте таква личност, таа ќе ви раскине. За неа е важно да бидете во движење, да сакате авантури и да тежнеете да патувате во земји кои никогаш не сте го посетиле.
Ако партнерот не може да ги следи во ова, тогаш најверојатно жената Стрелец самата ќе се впушти во ваквите авантури и ќе си го живее животот според свои правила. Мрзливите личности ги нервираат Стрелците, па затоа, за нив најмногу одговараат енергични личности кои секогаш ќе бидат во чекор со нив и ќе можат да се вклопат во нивниот брз начин на живот.
За жената Стрелец најважно е партнерот да биде човек со силен карактер. Таа не е љубоморна партнерка, но сепак, ако се случи да биде изневерена, партнерот тоа скапо ќе го плати, а жената Стрелец никогаш нема да заборави.