Ева Заева и во хеланки и без шминка изгледа како милион долари – погледнете, нејзината тајна се крие во овој необичен детаљ

Ева во уште едно шик издание

Ева Заева важи за една од најпознатите девојки од Македонија на социјалните мрежи. Таа само на Инстаграм има преку 40.000 фанови со кое редовно споделува интересни фотографии од своето секојдневие.
Овој пат во фокусот ни е нејзиното елегантно спортско издание кое овој пат го зачини на посебен начин.
Имено, таа обичната бела маичка и хеланките со животински дезен ги носеше со голема, голема торба кои се хит оваа сезона. Таа со овој детаљ ја подигна целата комбинација и изгледаше шик и покрај тоа што нема ни грам шминка.

Имено, големите торби и чанти што можеме да ги носиме речиси во секоја пригода се еден од клучните модели за оваа сезона. Тие истовремено се елегантни и ефективни, едноставни и сестрани, и што е најважно, доволно пространи за во нив да ни собере сé што ни треба и сите оние важни ситници кои секоја жена сака да ги има при рака во секое време.
Иако малите чанти и практичните модели со средна големина се оние кои во последните неколку сезони се во центарот на вниманието во модниот свет, големите чанти и торби се уште се еден од најпопуларните модни додатоци што можеме да го видиме и од Инстаграм фотографиите на познатите инфлуенсерки.

Посебно кога треба да одите на вежбање или треба да понесете најразлични работи кои ви се потребни, па ваквите модели ви се единствен избор. Токму затоа и модните куќи, дизајнерите па и популарните „хај-стрит“ брендови и оваа сезона се погрижија едноставните големи торби да ги зачинат со нешто шик и привлечен изглед па заради тоа сега ги носиме дури и кога не ни е потребна нивната просторност.

Меѓу најпопуларните модели за оваа пролетна сезона се истакнаа оние во потемни нијанси, како и просторните модели од природни материјали, а голем хит се и украсените со силни бои и впечатливи детали.







Единствена чанта што ни треба за лето
Чантите што можеме да ги носиме во нашите најразлични секојдневни изданија, без разлика на сезоната, важат за „маст-хев“ парче за сечиј плакар. Од големите „тоте“ модели во кои има место баш за се што ќе ни затреба, па до практичните „cross-body“ модели кои ги обожаваат и ги имаат сите, чантите отсекогаш важеле за еден од најпопуларните модни додатоци во плакарот на секоја жена.

За оваа летна сезона, најпопуларни модели на чанти се оние кои преставуваат совршен спој на елеганција од деловните „тоте“ модели, до шармот и опуштеноста на торбите што обично ги носиме кога одиме на плажа. Совршената летна чанта за оваа сезона ни доаѓа во неутрални бои со додаток на неколку тренди нијанси, додека фокусот е на природните материјали и различни техники на плетење.
Па доколку барате модел со кој можете да го заокружите секое деловно или лежерно издание, погледнете во продолжение.




















Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?