Прочуениот Карл Густав Јунг во своите книги пишувал за расипаните луѓе и дека тие не можат да бидат добри. Неговите цитати не прекинуваат да ги изненадуваат и новите генерации.
Вака говореше Јунг:
Има луѓе кои мислат дека ширењето позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази или зборови кои создаваат позитивна енергија самите по себе. Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот.
Не може од човекот да излезе нешто што таму го нема. За да шириме мир, мора најпрво да се наполниме со мир. За да можеме да шириме радост, мора најпрво срцето да ни биде радосно. Во спротивно, и зборовите на најголема утеха ќе звучат како напад од устата на незадоволен човек.
Исто така, Јунг е препознатлив и по следниве цитати:
„Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што ви е значајно вам или неприфаќањето на вашите уверувања“.
„Можеме да мислиме дека целосно се контролираме себеси. Но пријателите лесно ќе ни го кажат она што не го гледаме“.
„Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што одлучив да бидам“.