Реклама
Вирално

Исповед на докторка од Куманово: Го победи коронавирусот иако имаше тешко воспаление на белите дробови

Реклама

Поради опуштањето на граѓаните и нивното непридржување кон мерките за носење маски како и задолжително држење дистанца, од коронавирусот во Македонија секојдневно има по стотици заразени, што според епидемиолозите се смета дека сме влегле во втор бран.

Најтешко паѓа негирањето и релативизирањето на епидемијата од коронавирусот која досега во Македонија одзеде 156 животи. Регистрирани се над 3100 заболени, а само половина од нив (1653) се излекувани. Како активни случаи во земјава до денеска се водат 1334. Уште едно сведоштво на лекари од Куманово покажува колку е сериозна болеста ковид-19 и кои се последиците од неа.

Маркетинг

Докторката инфектолог Сунчица Јосифова сведочи низ што поминувала додека се борела со ковид-19. Таа се заразила на работното место на Инфективното одделение во болницата во Куманово, градот кој се уште е едно од жариштата на инфекција со коронавирус во Македонија.

Докторката Јосифова работејќи со првите пациенти од коронавирус во Куманово веднаш не ги добила симптомите за ковид-19. Дури и на првото тестирање на сите здравствени работници во кумановската болница била негативна. Но десетина дена потоа ги почувствуала првите симптоми малаксаност, болка во целото тело и треска. Помислила дека е од заморот на работното место и постојаната борба да се заштити животот на пациентите.

Маркетинг

-Новото тестирање покажа дека сум позитивна на коронавирус. Тоа беше почеток на мојата борба со вирусот. Како што налагаше процедурата, направив лабораториски иследувања и рендген-снимка на белите дробови на која се покажа дека имам воспаление на едното белодробно крило“, вели докторката.

Таа земала  антибиотска и друга симптоматска терапија, со витамини, ацерола и Д3-витамин, течности и исхрана за зајакнување на имунитетот, во наредните денови состојбата постојано ѝ се влошувала.

„Сè почесто бев со краток здив, по секој изговорен збор имав напад на кашлица, малаксаноста стануваше сè поизразена, изгубив апетит. Повремено ми се јавуваше страв од нагло влошување на состојбата. По една недела од појавата на првите симптоми, отидов во болница да направам контролни лабораториски иследувања и контролна рендген-снимка на белите дробови, на која се покажа дека процесот напредувал и имав воспаление на двете белодробни крила“, раскажува д-р Јосифова.
Иако размислувала да оди на болничко лекување, сепак останала да се лекува дома со антибиотска терапија.

За неа подигнувањето на имунитетот било најважно, и била свесна дека само со добар имунитет ќе може да го победи вирусот.

Подобрувањето дошло по 10 дена, помалку кашлала, немала покачена температура, малаксаноста изчезнала, а и се вратил и аптетитот.

Петнаесеттиот ден по позитивниот тест од Центарот за јавно здравје ѝ направиле прв контролен тест, а втор контролен тест по 48 часа од првиот контролен тест. И двата теста ѝ биле негативни.

Интересно е што доктор Јосифова ја победила болеста дома, додека нејзиното семејство, сопругот и синот биле во иста просторија во тие 15 дена. Тие не се заразиле благодарение на почитувањето на ригорозните мерки за заштита, држење дистанца, високо ниво на хигиена и носење маска при комуникација.

Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфецира од едно до три лица.

Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење. Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.

Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен превоз и во затворен простор во кој има повеќе лица.

„Ризична група на луѓе се постарите, бидејќи сите што се постари имаат послаб имунолошки систем. И секој што има сериозна астма или е тежок пушач. Секој на кој му е ослабен имунитетот бидејќи е на лечење од канцер, или прима нови лекови за артритис. Било кој од овие луѓе изложен е на поголем ризик. Но корона вирусот исто така може да биде кобен и за помладите луѓе ако добијат тешка инфекција на градите. Затоа младите луѓе не треба да мислат дека се имуни на оваа нова болест“, заклучува доктор Вилијам Хезлтин кој е стручњак за заразни болести.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button