Против новиот коронавирус ќе мора да се вакцинираме двапати, а може ќе треба и дополнителна доза
За да се стекне целосен имунитет, луѓето против коронавирусот веројатно ќе мора да се вакцинираат двапати, објавува весникот УСА Тудеј. Периодот меѓу двете дози веројатно ќе биде околу месец дена, а можно е за неколку години потоа да биде потребна и дополнителна доза (бустер).
Научници ширум светот работат на создавање на вакција против вирусот САРС-КоВ-2, причинител на ковид-19, и сега веќе имаат индиции како би изгледало вакцинирањето.
Две дози се веројатни зошто САРС-КоВ-2 е нов вирус и никој нема антитела. Првата доза би требало да го подготви имунолошкиот систем и да му помогне да го препознае вирусот, а со другата би се зајакнал имунолошкиот одговор.
Повеќе од стотина кандидати за вакцина во различни фази се ширум светот и за речиси сите се очекува да бидат во режим од две дози, рече Бери Блум, имунолог и професор за јавно здравје на Харвард.
– Колку што знам сите истакнати фармацевти размислуваат за две дози. Единствен исклучок е Мерк, кој се надевам дека ќе развие вакцина во една доза, рече Блум.
Точното дозирање ќе биде јасно кога ќе се дознаат резултатите од клиничките испитувања на потенцијалното вакцинирање на луѓето, рече Кели Мур, директорка во Имунизациската акциска коалиција (ИАК), невладина организација која во соработка со американскиот национален Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) дистрибуира информации за вакцини и за болести кои ги спречуваат.
Одговор ќе имаме по испитувањето врз луѓето. Тогаш ќе го знаеме имунулошкиот одговор. Тестирањето врз животни укажува на тоа дека ќе бидат потребни две дози, рече таа.
Полесно е со децата, потешко со возрасните
При првата доза имунолошкиот систем реагира на нешто со што не се сретнал. Потоа тоа го процесуира и памти, развива антитела и имунилошки келии. За тоа му треба околлу 14 дена, велат експертите.
Но за некои патогени потребна е уште една доза за да може да созрее имунолошкиот систем за победа над инфекцијата. Две дози се вообичаени за многу вакцини кои се даваат на децата, на пример вакцина за сипаници.
Но пнеумококната вакцина, која спречува некои облици на воспаление на белите дробови, менингитис и сепса, се дава во четири дози. Комбинираните вакцини за тетанус, дифтерија и голема кашлица се дава во пет дози.
Таквите вакцинации се спроведуваат во текот на детството кога децата често доаѓаат н на педијатрија и лесно може да се добиваат во правилни временски рамки, односно да се почитува имунизацискиот распоред.
Кај возрасните работите се малку покомплицирани. Вакцините против Хепатитис Б, ХПВ и Хепатитис А бараат серија од две или три дози, но повеќето возрасни на кои им треба не го финализираат циклусот.
Протоколот за вакцинирање во две дози за целата нација бара координација и педантно водење на податоците. Државите досега осигурија децата да ги добијат сите потребни вакцини, а сега тоа ќе мора да го направат и голем број возрасни лица, се заклучува.
Дополнителна доза – бустер
Не се знае дали еден круг од вакцинирањето ќе биде доволен. Некои вакцини, како оние против сипаници, создаваат доживотен имунитет. Тоа е затоа што тој вирус е стабилен. Но вирусот на грип има повеќе видови и постојано мутира поради што веројатно ќе биде потребно секоја година да се „осовременува“.
Засега се чини дека САРС-КоВ-2 е релативно стабилен што укажува на тоа дека по виакцинирањето некои луѓе би можеле да стекнат имунитет на подолго време, рече Блум.
Но имунулошкиот штит може да ослаби за неколку години. Кога се во прашање САРС и МЕРС, вирусите слични на актуелниот коронавирус, некои податоци укажуваат дека степенот на антитела со време опаѓа.
Дали тоа ќе се случи со САРС-КоВ-2 се уште не е познато. Ако биде така, после неколку години на другата доза од вакцината ќе и биде потребен и „бустер“, а „тоа ќе го дознаеме по завршувањето на испитувањата“, рече Блум.