Реклама
Вирално

Дали социјалното дистанцирање и маските потполно штитат од коронавирусот, научниците го имаат одговорот

Реклама

Повеќето држави во светот воведоа рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот кој однесе на 377.000 животи во светот. Иако поголем број земји почнaа да ги попуштаат рестрикциите, и натаму се на сила препораките за држење растојание од луѓето и користење на маски.

Најдетална студија досега покажа дека ако држите дистанаца од еден метар, 2,6 отсто се шансите да се заразите од коронавирус.

Маркетинг

Во истражувањето кое беше објавено во медицинскиот весник Лансет, три отсто се шансите да бидете инфицирани од коронавирус доколку носите заштитна маска, а заштитата на очи го намалува ризикот од инфекција на 5,5 отсто.

Истражувањето претставува збирна анализа на 172 студии направени во 16 земји, а резултатите даваат јасна слика дека мерката за социјално дистанцирање и покривањето на лицето ќе биде клучно во натамошната борба против коронавирусот во периодот кога повеќето земји ги попуштаат рестриктивните мерки за движење.

Маркетинг

Меѓутоа, научниците предупредуваат дека дури и комбинацијата на маска, заштита за очи и социјално дистанцирање и натаму не пружаат потполна, 100 процентна заштита од коронавирус. Авторите на истражувањето препорачаа дека медицинските работнции би требало да носат портабл респиратори, а не хируршки маски за „подобра заштита“, пренесува „Скај“.

Државите ширум светот воведоа различни мерки заради спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи го и социјалното дистанцирање и носењето заштитни маски. Во Франција и Кина некои сектори во болниците имааt правило за држење еден метар дистанца, додека во Шпанија носењето маска е задолжително.

Во извештајот, исто така се предупредува дека зголемената побарувачка на маски меѓу населението би можело во голема мерка да влијае на снабдувањето на медицинските работиници кои се борат на првата линија со коронавирусот.

Се препорачува владите во најбрз временски период „да го решат проблемот и да се подгрижат суровините да бидат достапни за сите“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button