Реклама
FashionТрендови

Во овој модел на здолниште секоја жена изгледа раскошно и привлечно (фото)

Реклама

Иако уште летото и не е почнато, сепак, ова парче облека изгледа дека се издвојува како главен фаворит. Модните експерти му предвидуваат голем успех и апсолутна доминација во наредните месеци.

ФОТО: Instagram Printscreen

Ако сте љубители на бохо стилот, оваа информација ќе ве израдува. Всушност, на мода се враќаат здолништата со ресички и уште еднаш ја освојуваат модната сцена. Доколку ова парче облека не се најде во вашиот плакар, тогаш експертите велат дека не можете да се наречете жена со стил.

Првата асоцијација за ова здолниште е секако женственоста, а благодарејќи на овој крој секоја дама изгледа како милион долари. Тесното здолниште ги истакнува облините, а ресичките креираат вистинска магија додека се движите. Совршен детаљ кој секоја фигура ќе ја направи заводлива.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/CAVpONfJiB1/?utm_source=ig_embed

Во зависност од остатокот на аутфитот и начинот на кој ќе го искомбинирате, ова здолниште може да биде дел од лежерен, но и од елегантен стајлинг.

Маркетинг

Лесно се вклопува со патики, рамни сандали, но и со повисоки потпетици. Кој стил и да го обожавате, со ова здолниште можете да го добиете. Долги, кратки или модели со средна должина – сите доаѓаат предвид.

https://www.instagram.com/p/B2m0oGoDba5/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B1UE5Hpn7-C/?utm_source=ig_embed

Кое е вашето мислење за ова уникатно, необично и заводливо парче облека?

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button