Познатиот актер кој по потекло е од Берово се coблeчe и го запали Инстаграм – сите му завидуваат заради ова! (фото)
Како во рајот
Актерот Милош Биковиќ го поминува своето слободно време во природа, а неговите верни фанови коментираа дека знае како да ужива за сите пари.
Овој пат, Милош Биковиќ се фотографираше додека се сончаше покрај водопадот, а покрај сликата што ја објави на социјалните мрежи, тој сподели:
– Понеделник. Вака. Не некои состаноци … те набљудувам, понеделник, напиша Милош под фотографијата.
Неговите фанови го забележаа тоа што актерот е без маица, а судејќи според коментарите и многумина му завидуваат заради опкружувањето во кое се наоѓа.
Инаку, Милош, кој важи за миленик на регионалната публика, но и пример за младите актери кои сакаат да направат нешто од себе и да успеат во светот на глумата, неодамна гостуваше во Бекстејџ кога откри дека има македонско потекло.
Имено, актерот кој во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“ и филмот „Хотол Белград“, во емисијата откри дека неговиот дедо по потекло бил од Берово, но и дека наскоро планира да дојде и да ја посети Македонија, кога ќе заврши короната.
„Дедо ми е од Берово и сме се презивале Биковски. На времето Тито барал оние кои се Срби да се презиваат на „иќ“ и така тој од Биковски, станал Биковиќ“, рече тој.
Фото: Инстаграм/ Милош Биковиќ