Од новите 35 случаи на Ковид-19, според денеска објавените податоци, 22 се од Скопје.
Како што информира Институтот за јавно здравје, 22 случаи на заболените од Скопје се од: Чаир-5, Бутел-3, Сарај-2, Аеродром-2, Шуто Оризари-2, Ѓорче Петров-2, Илинден-2, Гази Баба-1, Студеничани-1, Сопиште-1 и Кисела Вода-1.
Вчера министерот за здравство порача јасно дека ќе воведе рестрикции во одередни населби ако бројот на заболени се зголеми.
– Мерките ќе се спроведат доколку наредните денови се зголеми бројот на заразени, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Бројките се единечна варијација, во предвид доаѓаат карантински мерки ако бројот се зголеми во одредени општини бројот на заболени. Во моментов Бутел, Чаир, Сарај и Аеродром се со најголем број заболени лица. Направена е и контрола во Тетово каде е утврдено дека мерките не се почитуваат, воедно и во Штип каде е исто утврдено дека на работното место исто правилата не се почитувале, рече Филипче.
Наместо да се намалуваат бројките со новозаразени во Македонија постојано се во пораст. Па така и покрај тоа што времето се затоплува, некои мерки и понатаму ќе останат, без понатамошно олабавување. Ова на пример се однесува за базените и фитнес центрите, кои се уште ќе останат затворени, а за кои, како што истакна министерот за Здравство Венко Филип, постојат одредени протоколи. Исто така нема да се брза и со отворање на градинките.