Реклама
Наши ѕвезди

Баба Цеца се спрема да направи голема фешта за малиот Аркан, а Богдана Ражнатовиќ донесе важна одлука – еве како ќе се породи!

Реклама

Богдана во последен момент донесе важна одлука

Фото: Инстаграм

Како што пишуваат српските медиуми, Богдана се договорила со докторите што ја следеа за целото време на бременоста

Откако пред неколку дена го прославија роденденот на Анастасија, семејството на Цеца следната недела ќе има уште една причина за прослава!

Маркетинг

Имено, сопругата на Вељко, Богдана Ражнатовиќ треба да се породи следната недела и да роди машко дете.

Богдана влезе во деветтиот месец од бременоста, и сите со нетрпение го очекуваат денот кога ќе се породи. Како што пишуваат медиумите, таа донела одлука да се породи со царски рез во приватна клиника, а не во болницата во која што се породила Цеца – вели извор близок на семејството Ражнатовиќ за весникот „Блиц“ и додава:

Маркетинг

Во договор со докторката, Богдана го избра начинот на кој сака да се породи. Сите се многу среќни, а подготовките за пристигнувањето на малиот се во тек. Кога Богдана ќе се породи, семејствата ќе организира прослава, но поради моменталната состојба, сè уште не знаат дали ќе ги поканат сите нивни пријатели или само најблиските.

Фото: Инстаграм

Кога дознале дека ќе добијат момче, Вељко и Богдана решиле да го именуваат Жeљко, по неговиот татко.

Таа е љубовта на мојот живот. Бев без зборови кога ултразвукот потврди дека е бремена. Уште откако ги дознавме убавите вести, и двајцата блескаме од среќа. Одвај чекаме да ни се насмее бебето – рече Вељко веднаш штом се откри во јавноста дека неговата сопруга е бремена.

Дури и Цеца, која наскоро ќе стане баба, никогаш не го криеше своето воодушевување од приновата во семејството. Таа беше пресреќна кога прв пат ги слушна овие вести. На почетокот кога синот и кажал дека неговата сопруга е бремена, не можела да поверува во неговите зборови, а нејзините емоции, како што се сеќава, биле потполно измешани во тие моменти.

Фото: Инстаграм

„Не знам како да го опишам ова чувство, се уште сум во голема еуфорија. На снаата Богдана сега уште повеќе ќе внимавам и ќе ја галам. Најважно ми е внучето да стигне со веселба и радост“, изјави тогаш познатата пејачка.

Инаку, Вељко и Богдана во изминативе два месеци беа во Тител, каде што живеат нејзините родители.

Тие таму уживаа во нивната куќа, во близина на реката…

Принтскрин

Имено, Вељко и Богдана заминаа во Тител кога се појави пандемијата, а престојуваа во куќата што ја добија како мираз.

Богдана поседува огромна куќа со голем двор, која се наоѓа покрај самата река и која е луксузно опремена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button