Нашата позната водителка во овие куси шорцеви блеска – Елена ја немаме видено во олку опасно издание, ќе се изненадите!
Познатата водителка Елена Стефановска објави фотографија со која многумина остави без здив.
Имено, таа на фотографијата позира во екстремно куси шорцеви и црн костим за капење, а во центарот на вниманието е нејзиното исончано тело кое блеска под сонцето. Таа со рацете ја држи дигната својата убава руса коса, а во преден план се нејзините голи нозе.
Инаку, тексас шорцевите се хит кој не излегува од мода, а можете да ги носите со обична маичка и патики и повторно ќе добиете една од најпопуларните комбинации за преодниот период, особено кога температурите се пеколно високи, какви што очекуваме и во следниот период.
Што се однесува до Елена, таа ни покажа како да ги фураме во летниот период, кога ќе одиме на плажа, и како со едно олку едноставно издание да изгледаме шик.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Инстаграм профилот на Елена, но и неколку интересни комбинации од најпознатие модни блогерки.
Кусите шорцеви се враќаат на голема врата во оваа пролетна сезона. Токму затоа и кога ќе слушнеме дами кои ќе ни кажат дека тексас шорцевите се излезени од мода, почнувам да се смеам – па тие се едни од оние модни парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, а посебно не за оваа сезона. И прилично е едноставно зошто е тоа така – можете да ги носите каде и да посакате, почнувајќи од забави до прошетки на плажа, или можете да возите велосипеди без да се грижите дека некој може да ви ги види гaќич китe. Друга одлична работа во врска со нив е начинот на кој изгледа вашата „позадина“, посебно ако сте дама која сака да привлече внимание.
Погледнете како ги носат овие девојки и инспирирајте се …