Предизвик кој ги крена на нозе старците: 103 – годишна баба пешачи за да собере пари
Жена на возраст од 103 години се движи горе долу по ридот во близина на домот за старци каде живее за да поттикне донации за Бритиш Харт Фондацијата.
Инспирирана од капетанот Том Мур, Џоан Вилет има намера да испешачи 27 километри до својот роденден на 19 јули.
Џоан Вилет е поранешна учителка од Хејстингс, Источен Сасекс, која имаше операција за трансплантација на срцевиот залисток после вториот срцев удар на 82. години.
Оттогаш таа редовно се движи по ридот за да остане во форма.
„Јас сум многу благодарна на Бритиш Харт фондација и нивното истражување кое ги овозможува операциите како мојата“, вели Џоан и додава:
„Немаше да го преживеам ако не ми помогнеа тие со оглед на годините што ги имам“.
Таа исто така им се заблагодарува на персоналот од домот за старци Олд Хејстингс за нивната грижа и што ја поттикнувале да си ја врати својата самостојност.
„Моето достигнување е исто така и нивен успех и така постојано им велам на пријателите“.
Таа собра 500 фунти за 48 часа преку платформата JustGiving.