Реклама
Вирално

Како едно шестгодишно дете стана национален херој на Израел, една плочка ја расветлува историјата (ФОТО)

Реклама

Едно дете од Израел на шесгодишна возраст додека било на излет со родителите на југот од земјата пронашло 3.500 години стара глинена плоча која археолозите ја сметаа за уникатна.

Семејството во март шетало низ селото Ре’им, кога детето забелажало мала правоаголна плочка на која биле изрезбани два лика, објави израелската управа за антиквитети.

Предметот веднаш е однесен на проценка кај експертите.

Маркетинг

На плочката е прикажан војник во здолниште со ремен како турка гол заробеник чии раце се врзани на грбот, опишаа експертите, додавајќи дека уметникот сакал да го прикаже понижувањето на заробеникот.

Израелските власит велат дека ова откритие ќе придонесат за нивните досегашни истражувања за стариот хананејски град Ерзи.

Хананејците биле народ кои се споменуваат во Стариот завет. Голем дел од нивната земја, наречена Ханан, подоцна ќе стане позната под називот Израел.

Тој дел го населиле околу 2.000 година пред Христос. Живееле на подрачја кои, според древните текстови, веројатно опфаќале делови од модерниот Израел, палестински територии, Либан, Сирија и Јордан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button