Колку е убаво кога ќе почувствуваш вистинска среќа во срцето, па сакаш да го замрзнеш тој момент, да го запаметиш и да го впиеш во себе, засекогаш.
Понекогаш тоа е моментот додека ја мирисаш косата на своето дете, или додека гледаш телевизија потпрена на нечие рамо кое те исполнува. Додека служиш јадење или кафе на своето семејство. Или кога ќе ги добиеш резултатите од лекарскиот преглед кој ви вели дека се’ е во ред.
Вистинските моменти на среќа се кога уживаме заедно со нашите сакани, кога се прифаќаме еден со друг онакви какви што сме. Вистинска радост во срцето е кога ќе те прегрнат нечии невини раце, а притоа ќе сфатиш дека тие раце се твојот свет.
Вистинските моменти на среќа не можат да се доловат со фотоапаратот. Вистинските моменти на среќа не се оние кога се фотографираме и ставаме фотографија на социјалните мрежи. Вистинските моменти на среќа не можат да се раскажат. Чистата среќа е присутна некаде во нечија насмевка, мирис или допир. Оние моменти за кои вреди да живееме!