Каде згреши Шведска: Поради нивниот модел за справување со пандемијата имаат најмногу жртви во светот
Кога другите земји во Европа поради страв од неконтролирано ширење на коронавирусот воведоа строги карантини, владата на Шведска одлучи да не воведува блокади и ограничувања.
Иако земјата сакаше на овој начин да предизвика колективен имунитет кај своите граѓани, времето покажа дека шведскиот модел не функционира и дека во земјата се забележни голем број на сmртни случаи во однос на бројот на жители.
Тоа го покажуваат најновите статистички податоци од сајтот ourworldindata.org. Во Шведска во текот на минатата недела забележани се во просек 6,25 сmртни случаи од вирусот ковид-19 на милион жители.
Истовремено, во Велика Британија која вкупно има најмногу жртви од коронавирусот во Европа – над 35.000, имале 5,75 починати од последица на тој вирус на милион жители, во Белгија 4,6, во Франција 3,49, а во Италија во просек 3 на милиони жители во текот на минатата недела.
Иако Шведска има помалку заразени со коронавирус во однос на државите со побројно население, како Германија и Италија, стапката на смртност во таа земја по глава на жител е меѓу највисоките во светот.
Шведската влада донесе одлука да не воведува блокада како што направија другите европски земји во борбата со коронавирусот, туку се потпираше на индивидуалната одговорност на луѓето, барајќи од нив да останат дома ако се болни и да отворен простор да бидат на соодветна оддалеченост.
Во Шведска најголем дел од компаните не престанаа со работа и покрај пандемијата од ковид-19.