Ако летувате на море во Хрватска и се заразите од корона, како ќе се организира лекувањето
Хрватска откако се справи успешно со епидемијата од коронавирус, почна да ги олабавува рестриктивните мерки, а за заживување на кревката економија во државата важно е оваа летна сезона да се вратат туристите на хрватското приморје.
Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош е уверен дека здравствениот систем на оваа земја е подготвен за летната сезона.
– Нашиот здравствен систем до сега совршено си ја одработи својата улога, но ќе мораме да го унапредиме здравствениот систем во крајбрежните места. Ќе имаме состанок со Министерот за туризам идната недела – рече Берош.
Тој најави дека е можно во секој хотел да има медицински персонал кој ќе биде задолжен за туристите.
– Тоа се наоѓа и во документот на Европската комисија. Нашиот здравствен систем е целосно подготвен да се прилагоди на новите околности, рече тој.
Берош објасни и што е се случи со туристите кои ќе дојдат на одмор во Хрватска и кои ќе се заразат, каде ќе бидат лечени и кој ќе ги сноси трошоците на лекувањето.
– Одговорот на тоа прашање зависи од билатералните договори со одредени земји. Постојат модалитети, ќе зависи од клиничката слика. Ќе направиме договор со секоја земја, рече министерот.