Пејачката го остави, па тој и се врати на старата љубов? Поранешниот на Северина фатен на дело, ова никој не го очекуваше … (фото)
Како што објавија од „P&P Sport Management“, тие сега го претставуваат, благодарение на Којиќ
Иако неговата сопруга, познатата хрватска пејачка Северина, беше испрашувана во полициската станица во Загреб, Игор Којиќ не го коментираше тоа.
Потоа ни фотографијата што таа ја објави, а под која напиша дека секоја среќа е ремек-дело тој не ја ни коментираше.
Наместо тоа, Којиќ ги следи фудбалските натпревари. Вчера тој објави снимка од натпреварот одигран во Белград.
Во видеото, тој го одбележа младиот фудбалер Андрија Радуловиќ, кој игра за подмладокот на Црвена ѕвезда. Како што објавија од „P&P Sport Management“, тие сега го претставуваат, благодарение на Којиќ.
Којиќ се фотографираше и со поранешниот фудбалер Душан Баста пред десетина дена.
Тој пред Северина работеше како фудбалски менаџер.
Пејачката Северина пак, во петокот беше на разговор во полициска станица во Загреб.
Инаку, во последно време се шушка дека Северина (48) и Игор Којиќ (32) имаат сериозни проблеми во бракот.
Во прилог на овие гласини оди и тоа што Игор неодамна од Инстаграм тргна една заедничка фотографија со пејачката и ја замени со слика на која пие сам од стаклено шише. Според информациите објавени во српските таблоиди, Северина наводно сериозно се скарала со Игор додека била во Белград, а порталот „Стори.рс“ објави дека во расправијата се вмешал и таткото на Кеба, а на крај Северина почнала да плаче. Оваа вест се појави откако Северина го напушти Белград и замина во Загреб каде го прослави сама својот 48 роденден.
Таа беше и уапсена во Србија заради кршење на полицискиот час, а тоа било наводно резултат заради расправиите во семејството Којиќ. Пејачката наводно се скарала со Кеба (59) и неговата сопруга Оља, а на свекорот „му прекипело“ заради нејзините постојани поплаки.
Според српскиот „Информер“, причина за расправијата бил базенот во куќата на Кеба во Белград кој Северина сакала да го реновира. Таа наводно барала да купат голема гарнитура и лежалки за во дворот за да може, наводно, да се сонча и фотографира за својот профил на Инстаграм. Имала замерки и за базенот на Кеба, па предложила и него да го средат, да стават нови плочки и да го наполнат со морска вода. Тогаш, наводно, му „пукнал филмот“ на Кеба, пишува „Информер“, според информации добиени од нивен извор.
Но од блиските кругови на Северина велат дека не е вистина дека се разведува од Игор. Парот и порано имал бурни расправии, впрочем како и многу други брачни парови, но тие се уште се заедно.
Пред неколку години тие наводно се испокарале и во автомобилот пред нејзината зграда. Северина тогаш излегла на брзина од автомобилот и сакала да избега, а Игор трчал по неа. Тогаш наводно пејачката му се обратила со погрдни зборови, а минувачите ја забележале нивната расправија. Исто така и пред неколку години се пишуваше дека Северина, додека купувала роденденски подарок за една своја пријателка, сфатила дека нема доволно пари на својата сметка, па наводно тогаш го обвинила Игор дека и ги потрошил сите пари…