Само во овој хотел останаа напуштени повеќе од 500 бебиња заради коронавирусот – плачат за родителите кои НЕ дојдоа по нив
Пандемијата со коронавирусот го потресе целиот свет.
И додека во многу земји го извлече најдоброто од луѓето, кои безрезервно си помагаат едни на други, секако, има и случаи кога ја покажа најлошата човечка страна.
Новата пандемија откри и многу патолошки појави на нашиот современ свет, наведува авторот на текстот на порталот „rmx.news“. Во текстот пишува дека еден од нив е и сурогатот, кој вклучува третирање на луѓето како роба што може да се нарача, произведува и продава.
Имено, во Киев, Украина, повеќе од 500 новороденчиња, нарачани од богати западни земји преку сурогат агенции, останаа без родители заради пандемијата и кризата што се појави насекаде во светот. Овој портал објави шокантно видео на кое се прикажани десетици бебиња во клиниката „BioTexCom“ во Киев, кои плачат заради родители кои никогаш не дошле по нив, пишува српскиот портал Б92.
Клиниката „BioTexCom“ се рекламира како центар за репродукција, а во нивниот каталог потенцијалните родители можат да најдат „привлечни“ понуди за продажба со слики од насмеани бебиња како реклама. За многумина од светот, цената на децата е една од најатрактивните карактеристики. Имено, секое бебе чини само 9.900 евра.
Порталот наведува дека сега постои загриженост затоа што, како што велат, поради „зголемувањето на залихите“, оваа сурогат компанија би можела да им ги понуди овие деца на секој, поточно на секој што сака да ги преземе бебињата и да ја ослободи клиниката од обврски.
Видеата од киевскиот хотел „BioTexCom“ се шокантни. Во него се гледаат 46 кревети со новороденчиња кои плачат. Овие деца се, како се додава, нерегистриран производ на компанијата „BioTexCom“ – сурогат деца што богатите од Западот ги порачале преку оваа агенција за сурогат.
Затворањето на границите заради пандемијата довело до тоа купувачите да не можат да дојдат да ги земат своите деца, што предизвикало загриженост заради човечката катастрофа и фатална состојба за секое дете. Украина е водечка сурогат земја во Европа. „Изнајмување мајка“ во Украина чини многу помалку отколку во другите земји, а купувачот има гаранција дека детето што ќе го добие ќе биде бело.
Ова е опција што, се наведува понатаму во текстот, многу истополови парови од целиот свет нарачуваат и посвојуваат деца од такви агенции.
Се проценува дека повеќе од 500 бебиња чекаат да бидат подигнати, бидејќи границите беа затворени поради пандемијата на коронавирус, но всушност, како што заклучува текстот, вистинскиот број е многу тешко да се знае заради природата на бизнисот.
Грижата за овие деца стана финансиски товар за агенцијата не е познато што ќе се случи со овие „отфрлени деца“. Оваа пандемија откри толку многу современи патолошки феномени, вклучително и сурогатот, како што се истакнува, но авторот на текстот исто така прашува – што се случува кога клиентот не го бара производот што го купил?
„Дали се чуваат? Колку долго? Што ако клиентот поднесе тужба и одбие купување бидејќи на производот му истекол рокот?“, се наведува во текстот и се додава: „Во овие модерни места за ‘мрестење’ на човекот лежат стотици бебиња лишени од каков било мајчински допир, родителска топлина или несебична грижа по раѓањето – без љубов. Тие се третираат како предмети чија единствена вредност е цената по која се продаваат. За жал, снимки од хотелот во Киев зборуваат многу за нашата цивилизација “.