Силниот човек нема покрај себе да сака да има слаба жена. На мажите им треба женствена сопруга која ќе ги гали и која ќе внимава на нив, но жените не треба да се покоруваат. Не треба да прават компромиси со секоја одлука од мажот, само затоа што тој е наречен глава на куќата.
Силните мажи не сакаат слаби жени покрај себе. Слабите жени бараат моќни мажи и тоа е огромна разлика. Силниот човек не бара постојано да биде силен, а слабиот човек е во состојба да инсистире дека е јак. Слабата жена е поистоветена со неспособна, зашто е слаба, и тогаш МАЖОТ ОДЛУЧУВА ЗА НЕА. Мажот одлулува каде ќе оди жената, со кој ќе се дружи, што да облече, што да гледа на телевизор и слично. Затоа што мажот е СИЛЕН, а жената е СЛАБА и не знае ништо. Тука веќе доаѓаат проблемите…
Во меѓувреме, таа слаба жена, грижата од мажот ја доживува како нешто големо и добро. Тој прави се’ за на неа да ѝ биде убаво. Но, ако смета дека подобро е да немаш свој живот, туку тој да одлучува за тебе, дали мислиш дека тука постои љубов? Таквите мажи се способни и да дигнат рака на жената.
Силниот маж нема да ѝ кажува на жената што треба да прави, а што не. Сето тоа не ја гарантира среќата во бракот, но исто така не ја гарантира и несреќата. Бидете свои, бидете храбри, бидете СИЛНИ.