Ако немаме верба, тогаш нашето секојдневие би било многу бесмислено.
Веруваме во подобро утре, веруваме и се надеваме дека ќе имаме нешто позитивно. Кога веруваме и се молиме, сфаќаме дека чудата постојат, дека се возможни и дека Божјата рака прави да го добиеме она што во моментот ни е навистина потребна. Во продолжение ви прикажуваме енда молитва со која би побарале вера која понатаму би не’ движела во животот.
Исусе, твоите чуда се вистински одраз на Твојата божественост, притоа предизвикувајќи восхит кај душите кои те бараат Тебе. Никогаш не дозволувај да се каже дека чудата не постојат. Ти си пример дека тие постојат. Благослови ме со верба, за секогаш да верувам и да ја прифатам моќта на Твоите чуда, без разлика дали се од физичка или од духовна природа.
Те молам Боже, дај ми способност веднаш да го согледам изврот на сите натприродни појави и само твојата извонредност да се прославува. Исусе, моето постоење е прекрасно чудо. Амин
Кога веруваме, можеме многу работи да ги започнеме одново и да продолжиме по патот кој сме го замислиле. Со вербата во Бог и молитвите, ќе се чувствувате посигурни и никогаш нема да се наоѓате во безизлезна ситуација. Чудата започнуваат во оној момент кога ќе почнеме да веруваме.