Само за најхрабрите: Во овој европски град луѓето од работа се враќаат пливајќи (ВИДЕО)
Едни тврдат дека на овој начин сакаат да се рекреираат после работа, додека други сакаат да ја избегнат гужвата во сообраќајот во градот со околу 170.000 жители. Дали поради короната годинава бројот на пливачи ќе биде уште поголем?
Во летните месеци жителите на Базел шетаат низ град со торби во форма на риба. Така наречените “Wickelfisch” се всушност водоотпорни торби кои служат за пакување на работите кога ќе одлучите да пливате во Рајна.
Моќната европска река во јули и август е извор на забава за бројни граѓани на овој швајцарски град на границата со Германија и Франција.
Иако просечната летна температура во Базел изнесува околу 25 степени Целзиусови, а Рајна ја карактеризира многу брз и непредвидлив речен тек кој им се препорачува само на најдобрите пливачи – многумина во неа бараат освежување.
Неретко може да видите деловни луѓе како после работното време ги соблекуваат своите костуми на брегот на Рајна, ги ставаат во Wickelfisch, и пливајќи тргнуваат кон дома.
https://www.instagram.com/p/B-hfs6QgdWO/?utm_source=ig_embed
Едни тврдат дека на овој начин сакаат да се рекреираат после работа, додека други сакаат да ја избегнат гужвата во сообраќајот во градот со околу 170.000 жители.
Најголем број капачи плива на потегот меѓу мостовите „Шварцвалд“ и „Јоханитер“ и пушта струјата да ги води низводно.
Не само што Рајна е темпераментна река наменета само за врвни пливачи туку околу неа нема ниту спасувачи. Ако саката да запливате во неа, тоа го правите на сопствена одговорност.
Еве како изгледа пливањето во Рајна: