Реклама
Наши ѕвезди

„Не јадам ништо по 16 часа во денот веќе година ипол дена“ – Новак Ѓоковиќ ја шокираше јавноста

Реклама

Новаќ Ѓоковиќ последниве неколку дена постојано е на удар на критиката. Првиот тенисер на светот неодамна изјави дека нема да се вакцинира против коронавирусот ако таа вакцина биде задолжителна, односно ако биде предуслов спортистите да можат да се натпреваруваат и патуваат, а после тоа во својата програма во живо промовираше „контроверзни“ личности, а сега открива дека применува и – автофагија.

Во новиот разговор на својот Инстаграм профил, разговара со специјалист по интерна медицина и професор на Високата школа за образување педагози во Нови Сад – Драган Иванов за исхраната.

Иванов, кој е вегетаријанец уште од раѓање, даде совет за исхраната преку разговор  со Новак, пред првиот светски тенисер да ги открие неговите методи.

Маркетинг

“Јас би допрел на темата автофагија. Колку и да е важно, овој вид на пост 16-8 е популарен. Тоа значи да не јадеш 16 часа и да јадеш осум часа. Јас се држев на постот последната година и пол. Почувствував големо подобрување во системот за варење “, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ објасни дека поради тоа, тој спие подобро и има повеќе енергија во текот на денот.

Маркетинг

Иванов советуваше дека е важно да се распоредат оброците и да се придржуваме до квалитетна храна како овошје, житарки, ореви…

Автофагија е метаболитички процес кој клетките го користат за да ги разградат и рециклираат нивните компоненти и од телото да ги исфрлат сопствените отпадни работи. Тоа е облик на чистење на клетките. Телото ја препозната старата и некорисна опрема на клетките и ја означува за уништување.

Тоа е акумилација на „безвреден материјал“ во телото кој може да биде одговорен за многу последици на стареењето. Постот всушност е многу покорисен од самото стимулирање на автофагијата.

 

View this post on Instagram

 

У новој епизоди “Свесног живљења” разговарао сам са уваженим Професором,Др. Драганом Ивановим. Др Иванов је специјалиста интерне медицине, професор на Високој школи за образовање педагога и има своју праксу (клинику) у Новом Саду. Др Иванов је поделио неке основе здраве исхране за које се залаже. Веома сам уживао у разговору, а надам се да ћете и ви. У здравље ????

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on May 12, 2020 at 5:42am PDT

Таа прави две добри работи: со стимулирање на автофагија, ги чистиме нашите стари, „лоши“ протеини и делови од клетките, постот исто така го стимулира хоромонот на растење, кој му говори на нашето тело да почне да произведува некои нови посилни делови од телото, со што на телото му осигуруваме целосна обнова.

„Препорака е да не се конзумира ниту било каква храна (освен вода) 16 часа во денот, најдобро од попладне после оброкот до следниот ден. Појадокот би требало количински да биде најсилен оброк“, рече докторот во неговата емисија.

Автофагијата ја претстави Јошинори Ошуми, јапонски биолог, експерт за биологија на клетките, а кој во 2016 година доби Нобелова награда за психологија односно медицина токму поради откривањето на механизмот – автофагија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button