Реклама
Холивуд

Кога бил мал ја гушнал својата мајка и ѝ ветил само едно – откријте што ќе направи Вилијам за Дајана кога ќе седне на престолот

Реклама

Кога Лејди Дајана и принцот Чарлс ставија крај на нивниот брак, мајката на принцот Вилијам и принцот Хари доживеаја ужасно понижување.

Принцот Чарлс и Дајана се разделија во декември 1992 година, а официјално се разведоа четири години подоцна. Овој развод значеше борба за многу пари и моќ, а најболната точка беше – титулата на Дијана.

Маркетинг

Имено, бидејќи беше мајка на наследник на британскиот престол, Дајана требаше да остане Нејзино кралско височество. Дури и Елизабета II се согласи со тоа, но принцот Чарлс беше немилосрден и на Дајана и беше одземена титулата.

Маркетинг

За неа тоа беше тежок период, а нејзиниот постар син Вилијам наводно ја почувствувал нејзината тага и се обидел да ја утеши. Поранешниот батлер на Дајана, Пол Барел, подоцна откри како младиот принц, тогаш како четиринаесетгодишно момче, ја утешувал својата мајка.

„Таа ми рече дека една вечер, кога таа беше тажна што ја загуби титулата, седнал до неа, ја гушнал и и’ кажал: ‘Не грижи се, мамо. Јас ќе ти ја вратам титулата, еден ден кога ќе станам крал”, се сеќава Барел.

Само една година подоцна, Дајана го изгуби својот живот во сообраќајна несреќа, а Вилијам продолжува да зборува во чест на својата мајка и постојано го потсетува светот колку била посебна и колку му значела. „Нема ден а да не помислам на неа“, призна Вилијам во една прилика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button