Според фенг шуи експертите за уредување, лавандата е добредојдена во секое ќоше во вашиот дом. Фенг шуи експертите тврдат дека лавандата е многу лековите билка која со себе носи позитивна енергија и смирување, па таа е голем и значаен дел од оваа филозофија на живеењето.
Најубавиот и најлесниот начин лавандата да ја внесете во својот дом е да ја засадите во мали декоративни саксии и да ја распоредите во простории како што е кујната, спалната соба и бањата, затоа што ќе придонесат за поголема свежина во просторот, а можете да ја поставите и во дневната и детската соба, затоа што е билка која носи добра енергија и позитивно влијае на расположението.
Покрај засадена лаванда, можете да користите и суви буќети кои можете да ги држите во декоративни вазни, затоа што правило на фенг шуи филозофијата дека сувото цвеќе претставува безживотност и носи негативна енергија, не се однесува на лавандата.
Вреќички со лаванда можете да држите и покрај креветот, а во нив можете да капнете неколку капки етерично масло од лаванда, затоа што се верува дека оваа билка ќе направи побрзо и полесно да заспиете.