Реклама
Вирално

Зошто кучињата силно се врзуваат за една, за нив посебно важна личност

Реклама

Кучињата се социјални суштества, некогаш живееле во чопори, а дивите кучиња се уште го прават тоа, но со текот на повеќе илјади години почнале да се врзуваат за луѓето, како ниту еден друг животински вид.

Но меѓу сите луѓе кои ги опкружуваат и со кои доаѓаат во контакт само еден е, за нив, најважен човек во нивниот живот. Многу сопственици на кучиња ќе потврдат дека кучињата кои живеат во семејство со повеќе членови, често себеси си одбираат лице на кое најмногу му се приврзани. Не мора тоа нужно да биде оној кој го иницирал купувањето на кучето, го вдомил или е службен сопственик на кучето. Често таа љубов не оди ниту преку желудникот, иако така најчесто се мисли за кучешката љубов. Не е кучето нужно најприврзано за оној кој му ја полни чинијата.

Кучињата имаат свој јазик на љубовта. Еве како кучињата ја градат таа посебна врска со нас.

Маркетинг

Постојано се со својот човек

Кога се грижите за куче, го чувате, поминувате време со него, кога спие покрај вашиот кревет (или во него) се создава поврзаност меѓу вас двајцата.

Секоја позитивна активност со тој четвороножен љубимец се чини дека неговата љубов кон вас расте. Играта е високо на тоа скалило, па играјте се почесто со вашето куче. Важна е и прошетката, но не на начин само да го пуштите од јажето и повеќе да не го гледаш што работи. Прошетката е исто така можност вие двајца да се зближите, играјќи се, одработувајќи некој едноставен тренинг. Играјте криенка со него, фрлајте му топче или скријте го да го бара. Галење, чешлање, и тоа се начини на поврзување. На сите овие начини кучето учи да слуша и сфаќа дека забавните и возбудливите моменти доаѓаат со дружењето со вас.

Маркетинг

Ја чувствуваат љубовта од својот сопственик

Ако живеете во големо семејство, вашето куче може да има повеќе драги луѓе, но посебно ќе се поврзат со онаа личност која најмногу се грижи за него. Ако станува збор за куче кое е активно и темпераментно, ќе на почитува онаа личност која таа негова потреба ја задоволува најдобро, нему можеби нема да му биде толку важно кој му ја наполнил чинијата. Но, ниту хранењето не е неважно. На некои им е поважно од прошетка. Кучињата добро знаат кој што им дава и лесно ќе го одберат својот „љубимец“ меѓу луѓето. Вниманието и љубовта која ја добиваат ќе влијае на неговото однесување кон тебе. Што повеќе му давате на кучето, толку повеќе ќе добиете назад – едноставно е.

Од сопствениците добиваат само позитивно

Кучињата создаваат позитивни асоцијации со луѓето околу себе. Важно е кучето сето она што го добива од вас да бидат само добри работи.

Фото: Shutterstock

Нема потреба за викање, лутење, грубости или уште полошо, физичко казнување на кучето. И кучето кое допрва треба да се одгледува треба само позитивно, со наградување на доброто однесување со игра, нешто за јадење, а „казнување“ само со лишување од тоа, никако со удирање. Не е целта кучето да се плаши од вас туку да научи дека сѐ што доаѓа од вас е добро. Така и најлесно ќе сфати што сакаме од него, полесно ќе послуша и едноставно ќе во обожава.

Карактерите ви се совпаднале

Како и луѓето и кучињата ги избраат најдрагите луѓе што одговараат на нивниот карактер. Односно колку се слични. Кога ќе ги погледнете сопствениците и нивните кучиња, повеќете имаат некои сличности. Кучињата полни со енергија главно преферираат активни луѓе, додека мирните или да речеме, помрзливите кучиња, сакаат луѓе кои живеат мирен живот, најчесто дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button