Реклама
Вирално

Има сопруга докторка и мало дете, а се обиде намерно да се зарази со коронавирус , еве што сака да докаже

Реклама

Претседателот на романскиот Црвен Крст Виорел Катарама е под истрага, откако намерно се изложил на ризик од зараза со коронавирус за да ја докаже бесмисленоста на мерките кои се воведени во земјата.


Катарама прегрнал маж кој имал Ковид-19 во градот Барбулести, објави канцеларијата на јавниот обвинител.

Тој 65-годишник се обидел да докаже дека мерките за социјално дистанцирање се непотребни и дека само предизвикуваат штета во економијата.

Маркетинг

„Длабоко сум уверен дека мене ништо нема да ми се случи“, напиша Катарама на Фејсбук.

Напиша и дека сакал да докаже дека е „голема грешка што Романија се доведе до банкрот и што се укинати нашите темелни права и слободи“.

Маркетинг

Романскиот Црвен крст, но и сопругата на овој деловен човек која е докторка го критикуваа за неговиот потег. Не е познато дали Катарама се заразил при контактот со заразениот човек.

Во Романија од Ковид-19 починаа 926 луѓе, а заразени се нешто повеќе од 15.000. Таа земја има околу 18 милиони жители.

Романија нема да ја продолжи вонредната состојба по 15 мај, но ќе воведе „состојба на подготвеност” кога ќе дозволи некое мало олеснување на рестриктивните мерки, изјави претседателот Клаус Јоханис и додаде дека забраната за собирање на отворен и на затворен простор и натаму ќе биде на сила.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button