Не дозволувајте во животот да бидете жртва. Тој избор го правите само вие. Не жалете се постојано. Ако и вие се сомневате дека можеби сте во оваа улога, проверете дали ќе се пронајдете во овие неколку работи.
Постојано се жалите
Што ќе забележите дека започнувате да имс е жалите на вашите пријатели, партнерот, роднините, време е да се запрашате КАКО ДА ЈА ПРОМЕНИТЕ СИТУАЦИЈАТА. Само вие можете да си го промените животот кон подобро. Никој освен вас не може да го направи тоа.
Постојано сте лути
Додека сте лути, не ќе можете трезвено да ја процените ситуацијата и да ги препознаете позитивните работи. Пред се’, мора да научите како да ги контролирате своите емоции. Не е ваша грешка што се чувствувате тешко.
Имате големи барања од другите
Никој не е должен да ги исполни вашите очекувања. Покрај тоа, сигурно чувствувате вина поради тоа што не сте во состојба да кажете нешто или да постапите како што мислите. За да се ослободите од вианта и да престанете да ги осудувате другите луѓе, прво мора да се прифатите себеси.
Сомнеж во себе
Се’ додека се сомневате во своите способности, нема да стигнете никаде. Опкрујжете се со луѓе кои веруваат во вас и ослободете се од овој проблем. Тие мора да ве подгиант во моментите кога почнувате да тоните.
Изговори
Престанете да се залажувате и не барајте изговори, туку барајте решенија. Размислете за сопствените стравови, за тоа што ве запира и како да ги преминете препреките. ОБедете се да не го одложувате решавањето на важните прашања и не плашете се од преземање ризици!
Запаметете дека изигрувањето жртва нема да ви донесе ништо подобро и нема да ве искачи ниту едно скалило погоре. Преземете го животот во своите раце, бидете храбри и имајте на ум дека што ќе посеете, тоа и ќе жнеете. Како ќе се однесувате кон другите, така и тие ќе се однесуваат кон вас. Ако сфатите дека некој не вреди да биде до вас, тогаш без размислување и со голема самодоверба свртете го грбот и заминете. Имате еден живот, не дозволувајте друг да управува со него!