Богдана го прослави Ѓурѓовден – Цеца се весели, е сестрата го бакнува трудничкиот стомак!
Она што таа го напиша укажува само на една работа
Една од најпознатите фолк-пејачки во регионот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, со нетрпение го чека денот кога нејзиниот син Вељко ќе стане татко, а тоа треба да се случи во наредните неколку недели, со оглед дека нејзината снаа Богдана од неодамна е во деветтиот месец од бременоста.
Цеца вечерва на Инстаграм сподели фотографија од Богдана со своите фанови на Инстаграм, која можеме да ја видиме во патики и тренерки.
Трудничкиот стомак и се познаваа, а оваа објава на пејачката предизвика многу позитивни коментари на споменатата социјална мрежа.
„Мојата убава снаа Богдана“, напиша Цеца во насловот на фотографијата.
Инаку, родителите на Богдана, вчера ја прославија својата крсна слава Ѓурѓовден.
Иако вонредната состојба сè уште не беше официјално укината, тие собраа неколку пријатели и членови на потесното семејство, а меѓу другите секако дека беше поканета и фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Пејачката пристигна во Тител еден ден порано за да присуствува на кршењето на погачата и да им честита на родителите на Богдана.
Бојана Родиќ, сестрата на Богдана, објави видео на својот Инстаграм, каде може да се види прославата, а во центарот на вниманието е снаата на Цеца, која е во деветти месец од бременоста. Во еден момент Бојана го бакнува стомакот на Богдана, а под видеото го напиша следново:
„Тетка не може да дочека.“
Еве како изгледаше тоа:
Trudna Bogdana Ražnatović sa sestrom Bojanom. pic.twitter.com/SnJZRQ8aH2
— glziv (@glupostziva) May 6, 2020