Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жените Бик секогаш изгледаат привлечно, дури и со најобичната облека

Реклама

Некои хороскопски знаци имаат прекрасен стил на кој многумина им завидуваат. Помеѓу тие среќници е и жената Бик. Таа секогаш е најдобро облечена во друштвото и нема облека која не ѝ прилега.

ФОТО: luxe.digital

За овие жени честопати се вели дека не постои парче облека што не можат да го носат. Жената Бик има чувство за мода и има изградено сопствен став, па дури и да го облече наједноставното и најобичното парче облека, таа ќе изгледа гламурозно и привлечно.

Жената Бик тежнее кон тоа секогаш да избира квалитетна облека, па затоа речиси никогаш не штеди кога е во прашање шопингот. Подготвена е да инвестира во поскапи парчиња облека, бидејќи знае дека тоа е долгорочна инвестиција која ќе ѝ се исплати.

Маркетинг

Во плакарот на една типична жена Бикови секогаш ќе можете да најдете костим сошиен по мерка, бидејќи овие жени знаат дека облеката која им стои совршено никогаш нема да излезе од мода. Тие се практични, отмени и суптилни, а тоа може да се забележи и од изборот на боите меѓу кои најмногу преовладуваат неутралните тонови, како што се беж и каки со кафеави или златни нијанси. Сепак најдобро им стојат розовата и зелената боја.

Оваа жена никогаш нема да ја сретнете да лута низ продавниците без цел, туку секогаш оди таму каде што знае дека ќе го најде најдоброто за себе и тоа е тоа. Секако, внимателно проучуваат од каков материјал е облеката, затоа што евтиното не го ни погледуваат. Обожаваат природни и квалитетни материјали кои ќе се вклопат во нивниот дух!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button