Реклама
MAMAДом и семејство

Бои кои носат среќа мир и состојба, а МОРА да ги имате во вашиот дом

Реклама

Според фенг шуи техниката за уредување на домот, овие бои треба да бидат неизоставен дел од вашиот ентериер.

ФОТО: decormu.com

Боите претставуваат многу важен елемент во уредувањето на домот, но не е во прашање само естетиката, туку и нивното влијание на вашето расположение, емоции и благосостојба.

Жолта

Внесувањето на жолтата боја во вашиот дом ќе ви донесе топлина и ведрина, а според тврдењата на фенг шуи експертите, таа ги поттикнува менталните процеси и ја зголемува интуицијата. Меѓутиа, внимавајте со оваа боја, зашто премногу од неа може да ги измори очите и да создаде чувство на помалку енергија.

Маркетинг

Зелена боја

Зелената боја е резервирана за успех, просперитет, раст и позитивни промени. Така, се препорачува да имате слики со пејсажи, во работното место да имате ѕидови или мебел во зелена боја, зашто таа носи успех и пари, а пожелна е и во кујната, затоа што е боја на здравјето.

Сина боја

Сината боја е боја на новиот почеток. Таа ја симболизира добрата комуникација со луѓето, ја зајакнува самодовербата, позитивно влијае на регулирањето на апетитот, опушта и смирува.

Маркетинг

Црвена боја

Црвената боја го зголемува нивото на енергија и ентузијазмот и повикува на акција. Таа се поврзува со оганот, кој, според фенг шуи, најверојатно симболизира доаѓање на промени кон подобро. Оваа боја во ентериерот би требало да биде присутна во мали количини, но и во детали, затоа што е интензивна и многу можна. Црвената исто така симболизира успех и финансиски добивки, а позитивно влијае и на емоционалните/партнерските односи.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button