Земјите што беа под „чеканот“ сега „ќе танцуваат“ – во една земја ублажувањето на мерките донесе поголем број на заразени
Данска и Австрија се првите европски земји што ги ублажија мерките за сузбивање на коорнавирусот. Шведска од самиот почеток поопуштено ми пристапи на проблемот, Јужна Кореја на сите им служи за пример на сите, а во Сингапур ситуацијата јасно се гледа дека развива во спротивна насока. Искуствата можат да помогнат да се избегнат грешките на другите, но и да се научи од нивниот успех.
Данска
Официјален број на заразени лица: 6.790
Број на тестирани: 244.791
Број на жртви: 493
Број на жители: 5,9 милиони
Од 20 април, стоматолозите, фризерите и физиотерапевтите повторно работат, а една недела претходно беа отворени и градинките и основните училишта со пониските одделенија, како и за учениците кои се во последната година во гимназиските и стручните училишта.
On so many levels, #Denmark successfully implemented a holistic approach to #COVID19 that is putting the UK government’s shambolic, inconsistent, laissez faire response to shame,” writes @JamesMelville in @BylineTimes https://t.co/aOS9poB2JW #UKGovernment #EU #NHS pic.twitter.com/hWCTcaUnc5
— New Europeans (@NewEuropeans) April 26, 2020
Маркетинг
Бројот заболени од Ковид-19 во болниците по ублажувањето на мерките, не е зголемен досега, а здравствената служба во средата објави дека „епидемијата во Данска и понатаму е под контрола“ и дека очекуваат „постепено и контролирано ублажување“ на мерките, но и дека епидемијата нема да биде толку интензивна како што се очекуваше.
По ублажувањето на мерките, младите повеќе се собираат во парковите и пристаништата, има повеќе луѓе во продавниците што се отворени, а растојанието меѓу нив не е намалено. Полицијата и здравствените власти предупредуваат дека е неопходно да се продолжи со следење на упатствата (оддалеченост и собирање до десет лица), бидејќи во спротивно следува забрана.
Веќе три недели се спроведува нова стратегија: поставени се бели шатори на многу места, во кои ќе бидат тестирани по 20 илјади луѓе на ден, вклучително и оние без симптоми, главно вработени во здравството.
Сопружниците, децата и родителите на Данците, кои се во странство, сега можат да влезат во земјата без дозвола. Упатствата важат до 10.05.
Шведска
Официјален број на заразени лица: 22.721
Тестирани: 119.500
Број на жртви: 2.769
Број на жители: 10 милиони
Полни со ресторани и кафулиња, отворени основни училишта, градинки и продавници – Шведска непоколебливо го следи својот пат во кризата. И покрај високата стапка на смрtност (десет пати поголема отколку во Финска и Норвешка), во земјата не беше воведена строга изолација. Обемот на тестирање е мал, Шведска се потпира на колективен имунитет.
Five Stockholm restaurants closed over social distancing breaches https://t.co/xipHcedCKg
— The Local Sweden (@TheLocalSweden) April 27, 2020
Од друга страна, 2.000 шведски научници бараат итно воведување на строго ограничување на движењето и предупредуваат за „експериментот со висок ризик“ на владата. Владата на тоа одговара дека луѓето треба да ги мијат рацете, да го задржат растојанието, да патуваат помалку и да работат од дома. Постарите лица треба да бидат заштитени, а посетите на домовите за стари лица се забранети.
Во согласност со традиционално- либералната шведска култура, мерките не се забрани, туку препораки. Министерот за внатрешни работи неодамна се закани: „Ќе бидам јасен и гласен: Не сакам да гледам гужва во која било градина од ресторан“.
Прашање е дали шведскиот модел е применлив и за други земји, бидејќи станува збор за ретко населена земја со голем број домаќинства во кои има само едно лице, а и едното и другото се главна предност во случај на пандемија, пишува „Велт“.
Сингапур
Официјален број зараразени лица: 19.410
Тестирани: 143.919
Број на жртви: 18
Број на жители: 6,2 милиони
Додека во повеќето земји мерките се олабавуваат, во Сингапур се заоструваат- иако овој град-држава успешно ја држеше заразата под контрола на почетокот на епидемија. Благодарение на затворањето на границите во раната фаза, големиот број тестирања, изолацијата и внимателното следење на заразените контакти, тие имаа само 100 заразени лица до крајот на февруари.
Денес, имаат повеќе од 12.000, а причина за рапидниот раст се должи на тоа што луѓето што се враќаа дома од Европа, а предизвикаа втор бран на инфекцијата во март. И на локално ниво, вирусот се шири за педесет проценти во сите 40 домови за работници во странство во Сингапур, каде беа регистрирани дури 80 проценти од сите случаи.
Во одреден момент, веќе не беше можно да се следи ланецот на инфекцијата, па така земјата е во строга изолација од средината на април, која ќе важи до средината на јуни. Училиштата, продавниците и деловните активности се затворени, а луѓето можат да го напуштат домот само додека се движат наоколу.
Кој ќе ги прекрши правилата, плаќа големи казни, а новата апликација овозможува фотографирање на прекршителот и праќање на фотографијата до властите. Еден човек кој излегол во ресторан и покрај забраната, бил осуден на шест недели затвор.
Јужна Кореја
Официјален број заразени: 10.804
Број на тестирани: 640.237
Број на жртви: 254
Број на жители: 52 милиони
Јужна Кореја пред све недели ги облажи ограничувањата за продавниците, рестораните, баровите, спортските сали, градинките, па и богослужбите, кои беа најголемо поединечно жариште во земјата (се заразија повеќе од 1.500 следбеници на христијанската секта Шинчеонџи). Постепено за посетителите ќе се отвораат и националните паркови и шуми, но правилата за одржување дистанца и натаму важат.
#SocialDistancing rules are being slowly relaxed. This is how #SouthKorea is balancing getting people back to work & protecting their #Health.#CoronaVirusUpdates #lockdown #BreakTheChain #healthcare #UG4PH #coronavirus
Read more:https://t.co/4kOAjfHUYi pic.twitter.com/f9MyHoDxtN— RD UG4PH (@DRajesh_UG4PH) April 27, 2020
Во Јужна Кореја ниту во еден момент не беа на сила мерките за ограничување. Никој не им забрани на луѓето да излегуваат и да патуваат на работа, но повеќето луѓе своеволно останаа дома. Многу претпријатија им овозможија на вработените да работат од дома. Во февруари Јужна Кореја беше земја со најмногу заразени после Кина, но владата набрзо воведе масовни тестови и примени технологија, како што се „драјв ин“ станици за тестирањ и следење на патеката на инфекции со посредство на паметните телефони.
Оние кои ќе ги прекршат мерките за домашна изолација сега мора да носат специјални алки со „технологија за следење“. Благодарени на сите тие мерки, кои се покажаа како успешни, Јужна Кореја кон средината на април одржа и парламентарни избори – први национални избори во светот после избивање на панедмијата.
Австрија
Официјален број на заразени лица: 15.650
Број на тестирани: 285.883
Број на жртви: 606
Број на жители: 8,9 милиони
Речиси три недели Австрија е во втората фаза на борбата против пандемијата. После фазата на строга изолација („Чекан“), после Велигден следеше фазата на постепено олабавување („Танцување“) и враќање во нормала: се отворија помалите дуќани, во болниците се вршат операциите кои беа одложени, а обврската за носење маски беше проширена и задолжителна во јавниот превоз. Анализите покажуваат дека, радиусот на движење на Австријците скоро го достигна нивото како пред кризата, а бројот на нови заразени дневно сè уште е двоцифрен.
Од средината на месец мај, попуштањето на мерките ќе се однесува на рестораните и црквите, но со строги безбедносни мерки. Училиштата се отворија на четврти мај, но постепено.
Доследното тестирање и изолацијата на заразените и сомнителните случаи е насочено кон спречување на втор бран со ковид-19, со оглед на развојот на настаните во Данска и Норвешка кои порано ги ублажија мерките.