На Инстаграм се појави двојник на Лепа Брена – фановите шокирани од неверојатната сличноста, разлики речиси и да нема

Младиот мејк-ап артист Стефан Суботиќ е вистински магионичар за трансформации и господар на неговиот занает.

Овој талентиран дечко неодамна откри интересни детали за себе како и фактот дека неодамна го контактирала познатата ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан.
Шминкајќи се самиот себеси, но и другите, Суботиќ прави вистински чуда, а за тоа е доказ и неговата нова трансформација.
Стефан шминкајќи се самиот себеси се претвори во најголемата ѕвезда на овие простори, Лепа Брена.

Бројни фанови се воодушевен од неверојатната сличност на Стефан со фолк дивата, а во неговата генијалност и виртуозност како шминкер можете да се уверите и сами.
Погледнете ги и другите трансформации на Стефан, меѓу кои и на Северина и актерката Лидија Вукичевиќ…







Погодете кој е кој?!

„За вечерва, трансформација во жена која секогаш остана млада. Можам слободно да кажам, голем пример и предизвик, пред се за секоја жена, на 20 и 50 да изгледате потполно идентично. Од „подобар живот“ до денес, Лидија Вукичевиќ“ напиша Стефан под оваа фотографија.



И првата трансформација на Стефан за време на карантинот – Северина Којиќ.


