Згасна животот на Вучиќ, пејачот не напушти на 65 годишна возраст.
Утрово од овој свет си замина водителот Драган Вучиќ. Причините се уште непознати.
Фестивалот „Макфест“ на својата официјална Фејсбук страна во сеќавање на Вучиќ ја објави песната „Свирете ја зајди, зајди“ која тој ја има компонирано.
Воедно од него се прости и композиторот Љупчо Мирковски кој на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. ,,За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”.
Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.